Зошто се добри кавгите помеѓу браќата и сестрите?

Сосема е нормално во некоја фаза од животот браќата и сестрите да се караат, тврдат психолозите, но тоа не е воопшто лошо

0
120

Без оглед дали станува збор за обичен кекс, играчка или нешто посериозно, едноставно мора да прифатите дека е тоа нешто што е нормално и невозможно да се избегне.

Сепак, според мислењето на психологот Карен Јанг, кавгите меѓу браќата се важен дел од детството.

„Една од најдобрите работи кои можат да произлезат од таквите кавги се вештините кои ќе ја зголемат нивната социјално-емоционална интелигенција. Сето тоа е дел од нивното раснење. Браќата и сестрите се со прилично непопустлив карактер поради што научуваат како да преговараат и да излезат на крај со другите луѓе“, рекла Јанг и додала дека преку кавгите децата можат да научат како да бидат емпатични.

„Колку и да е фрустрирачки, мојот совет за родителите е да не се мешаат премногу во кавгата на своите деца, освен во случај кога кавгата ќе прерасне во тепачка. Колку повеќе се мешате, толку повеќе ќе се очекува од вас да ги решавате конфликтните ситуации наместо нив“, заклучила таа.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]