Зошто реченицата ‘Оди во својата соба’ не е добра?

„Оди во твоја соба и олади се малку“ е метод што не функционира во дисциплинирањето на децата, тврдат психолозите. Што можете да кажете наместо тоа?

0
178

Кога бевме помлади, мразевме кога родителите ќе нè испратеа во собата и се колневме дека никогаш, никогаш, ама никогаш нема да го правиме истото со сопствените деца. Ако ви е ова познато, обидете се да си го премотате филмот нанапред – неколку децении подоцна. Сега сте родител и вашето дете се однесува апсолутно ужасно, не ви дава друг избор освен да го испратите во својата соба. Значи, историјата се повторува, и вашето дете апсолутно ве мрази, и ако сте искрени, сигурно и вие не се чувствувате добро.

Дали постои друг (и подобар) начин?

Но, што ако има друг начин да му дадете на вашето дете – и на самите себе – многу потребната дистанца и одмор, без казна и таа омразана реченица – „оди во твојата соба“?

Неодамна наидовме на видео од Инстаграмот на д-р Сиги Коен, која е психолог специјализиран за развој на детето, а нејзиниот совет за тоа што да направите кога само ви треба пауза е навистина одличен и лесен за примена.

Пред сè, ајде да разговараме за тоа што ви се случува кога ќе почувствувате потреба да вреснете „оди во твојата соба“. Шансите во тој момент да се чувствувате прилично вознемирени (или дури и крајно лути), се навистина големи. Сосема е во ред да се чувствувате така, нè смирува д-р Сиги.

„Но, лутината и фрустрацијата не се ефикасни алатки за родителство“, забележува докторката. „Тие ве наведуваат да реагирате импулсивно и да користите тактики како срам и вина. Сега да разговараме за тоа што се случува со вашето дете кога ќе му го кажете тоа. Како што веројатно се сеќавате од вашето детство, тоа време детето сигурно нема да го искористи за саморефлексија или размислување за тоа што можеше да стори поинаку.

„Наместо тоа, вашето дете ќе го помине времето само чувствувајќи се обвинето… и главно чувствувајќи лутина и бес“, објаснува д-р Сиги. Сепак, ова не значи дека треба да се дозволи несоодветното однесување да остане незабележано.

Советот на д-р Сиги нуди алтернативен пристап, кој го решава срамот, истовремено поттикнува интроспекција. Еве што предлага психологот да кажете наместо тоа:

„Ох, она што штотуку се случи … воопшто не е правилно. И двајцата треба да размислиме за тоа. Значи, ќе се одмориме еден од друг. Потоа, кога ќе се вратиме и ќе размислиме, ќе ти кажам што мислев за тоа што се случи, а ти ќе ми кажеш што си мислел ти и заедно ќе одлучиме што ќе правиме следниот пат за да бидеме и двајцата подобри“,

На овој начин, сè уште му давате на детето време и простор да размисли што сторило, но наместо да го обвинувате (ајде да разговараме за тоа што си го направил), вие го пренасочувате тонот од обвинување во прифаќање и разбирање („ајде да разговараме за тоа што се случи.“) Тоа создава повеќе простор за размислување. Вие исто така го вклучувате вашето дете во решавањето на проблемите, и тоа секако е вештина што ќе му служи во тинејџерските години и подоцна во животот. И тоа не е сè, „Вие моделирање соработка и ги решавате конфликтите на емотивно прифатлив начин”, додава д-р Сиги. На крајот, го поттикнувате вашето дете да размислува за сопственото однесување … и тоа е исклучително важно!

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]