Голем број мајки кои работат се преплавени со чувство на вина и недостаток од самодоверба поради неодобрувањето од страна на другите и загриженост дека работата ја попречува посветеноста поради што страдаат нивните деца. Освен тоа, често се јавува и чувство на неадекватност на таа вина. Иако не постои волшебно стапче со кое тој проблем може да се реши, едно истражување покажало дека кариерата има позитивно, а не негативно влијание на децата.
Ќерките кои се одгледувани покрај вработените мајки се однесуваат подобро во кариерата и поверојатно е дека во иднина ќе извршуваат надзорни позиции и ќе заработуваат повеќе пари од оние кои ги одгледуваат мајки – домаќинки. Мајката што е вработена им дава добар пример и на синовите кои кога ќе пораснат, се повклучени во воспитувањето на сопствените деца и пообзирни се на работното место кон другите луѓе.
Исто така, истражувањето покажало дека возрасните деца на вработените мајки се еднакво среќни како и возрасните деца на мајките кои не работат. Тие деца не само што растат како успешни луѓе, туку се и психички поздрави.
Затоа, ако сте мајка која работи и се чувствувате како нешто да им скратувате на своите деца, бидете свесни дека вашите деца не се во никаков ризик или недостаток поради тоа што не сте постојано со нив. Вие сте личност која им дава пример како би требало тие да се однесуваат во иднина и дека е сѐ можно со добра организација.
Фото: Pexels