„Извинувањето може да биде одличен начин да се поправат работите меѓу децата, но принудувањето на ова е сосема погрешно“, вели Лора Маркам, детски психолог и авторка на книгата: Peaceful Parent, Happy Siblings: How to Stop the Fighting and Raise Friends for Life.
Еве зошто присилното извинување не е добра идеја и што треба да прават родителите.
Не правете ништо
„Децениските истражувања за романтичните врски покажуваат дека кога една личност во двојката се чувствува принудена да се извини пред да биде подготвена, тоа воопшто не помага да се поправи нивната врска“, вели Маркам. „Веруваме дека истото важи и за децата кога се во прашање пријателите и браќата и сестрите.
Со присилување, ќе постигнете само да го посрамотите вашето дете и како што објаснува Маркам: „Кога децата се срамат, тие се чувствуваат лошо, што значи дека треба подобро решение за ова“.
Наместо да ги присилувате да се извинуваат, помогнете им да научат да комуницираат
„Сакате да го поттикнете вашето дете и да му помогнете да се гледа самото себеси како великодушна личност која може да ги поправи работите кога ќе погреши“, истакнува Маркам.
Родителите треба да им дозволат на постарите деца да се обидат сами да сфатат како можат да го поправат направеното. Дајте им неколку предлози и идеи, но оставете им ја ним одлуката како да ги поправат работите.
Извинувањето е важна алатка во сите односи, но ако ги научиме децата да се извинуваат без размислување секој пат кога нешто ќе тргне наопаку, тоа го губи значењето и силата. Исто така, децата ја пропуштаат можноста да учат од своите грешки.
Фото: Pexels