Зошто не е добро на децата да им се забранува да ги допираат предметите дома?

Децата сакаат да прават вистински работи затоа што сакаат да имаат улога во вистинскиот свет.

0
206

Веројатно сте забележале дека вашето дете повеќе сака да си игра со далечинскиот од телевизорот и со тенџериња отколку со играчки. Искористете го тоа. Знаеме дека за најдобар развој на детето не му се потребни скапи играчки, туку љубов, внимаие и вродена фантазија. Но ова последново, тврдат научниците, е преценето. Иако децата уживаат во исмислениот свет со измислени ликови, уште од периодот кога ќе проговорат значително поважно им е да учествуваат во домаќинството и да помагаат. Новите истражувања потврдуваат дека децата се „програмирани“ повеќе да помагаат отколку да фантазираат.

На пример, предучилишните деца повеќе би сакале да сечат морков или да го хранат помладото братче, отколку да се преправаат дека го прават тоа. Дека реалноста ја победува фантазијата покажало и американското истражување за навиките во читањето. Се покажало дека децата учат подобро кога примери во книгите се вистински луѓе наместо прасиња и мечки. Раснењето во кое стварноста победува посебно се воочува во културите надвор од градското „западно“ опкружување. Кога растат како дел од племе или пак на село, децата поминуваат помалку време во измислен свет, а главно им се достапни  алатите со кои се служат возрасните. Во најлош случај, нивните реплики.

„Давањето на домашните помагала на децата и нивно вклучување во одржувањето на домаќинството создава отпор кај многу родители“, вели психологот Ангелина Лилард од Универзитетот Вирџинија во САД. Таа истакнува дека родителите преферираат надгледување на играта на своите потомци и мислат дека децата од предучилишна возраст и оние помладите треба да ги заштитат од нив самите.

Според Лилард, забранувањето децата да допираат било што дома е прилина за нивниот подоцнежен отпор кон домашните обврски, кога конечно родителите ќе го побараат тоа од нив. Дури и во САД кадешто се децата презаситени со суперхерои и видео игри, резултатот бил таков што децата помеѓу 3 и 6 години попрво одбирале да прават вистински некои работи отколку да се преправаат дека ги прават. Истражувањето било спроведено врз 100 деца, а во случаите кога одбирале да се преправаат дека прават нешто, тоа било главно затоа што се плашеле да пробаат затоа што сметале дека не знаат или дека не смеат.

Ако им помогнете на децата да се служат со домашните апарти и помагала додека се мали и додека го сакаат тоа нема толку да се спротивставуваат кога вие ќе помислите дека се подготвени за тоа.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]