Зошто некои деца не сакаат галење и нежности?

За почеток, треба да знаете дека станува збор само за фаза. За малите деца, отпорот кон физичката љубов е начин за покажување независнос

0
476

Повеќето деца имаат минлива фаза кога избегнуваат блиски контакти со родителите.

Едноставно, еден ден повеќе не сакаат галење, бакнежи и прегратки.

Еве ги причините зошто понекогаш децата не сакаат галење и нежности и како можете тоа да го измените.

За почеток, треба да знаете дека станува збор само за фаза. За малите деца, отпорот кон физичката љубов е начин за покажување независност и потврдување на контролата. (Сам/а се грижам за своето тело).

Децата од двата пола можат да одбиваат прегратки и бакнежи, но момчињата можат да ги одбиваат мајчините нежности затоа што им е тоа начин на кои се борат со силната поврзаност со мајките. Активните и немирни деца пак едноставно немаат време за нежности.

Одреден отпор кон галењето, бакнежите и прегратките е нормален, но ако детето не дозволува да биде допрено, и физички и емоционално се држи на дистанца, обратете се на педијатар.

Што да направите ако вашите деца одбиваат галење:

Прилагодете го својот допир – Некои деца не сакаат големи преграаатки, но се отворени за брзо стискање или бакнеж. Други деца не сакаат скокоткање, борење или тркалање. Затоа одберете го вистинскиот допир за вашето дете.

Внимавајте на времето – Децата кои одбиваат прегратки додека си играат сакаат да ви порачаат дека се зафатени. Но тие деца можат да уживаат во галењето, бакнежите и прегратките пред спиење, после ручек и слично.

Фатете ги и пуштете ги – Штом вашето дете ви сигнализира дека сака да биде слободно, пуштете го (и кажете им на бабите и на дедовците да го направат истото). Ако детето знае дека може да побегне кога сака, долгорочно полесно ќе им се препушти  на прегратките.

Избегнувајте срамежливи ситуации и не ги обвинувајте децата (односно прескокнете ги исказите: „Не ме сакаш?“). Децата само ќе се чувствуваат лошо поради емоциите кои не можат да ги контролираат.

Не се откажувајте – Обидете се повторно. Следете ги нивните знаци и знајте дека дури и ако не сакаат бакнежи, прегратки и галење, ве сакаат најмногу на свет.

[better-ads type='banner' banner='999' ]