Децата можат да имаат многу убави спомени со своите роднини ако родителите се обидат да ги одржат врските со семејството, и тоа не само на годишните собири. Колку повеќе време поминуваат заедно, толку посилно ќе биде нивното пријателство, а во подоцнежните години ќе имаат на што да се сеќаваат.
Роднините можат да придонесат за семејната динамика – особено ако детето нема родени браќа и сестри. неброени дружби за време на распустите, преспивање едни кај други, забави во пижами. Учење и растење заедно, во опкружување на истите луѓе. Во основа, детето има браќа и сестри со кои не мора да живее.
Дури и ако детето има браќа и сестри, тоа често може да биде поблиско со роднините отколку со нив, како во детството, така и подоцна во животот.
Од гледна точка на родителството – веројатно им верувате на вашите роднини повеќе отколку на било кој друг. Знаете дека тие ќе се грижат за вашите деца како за свои и дека децата во нивни раце ќе бидат сакани, поттикнувани и прифатени со радост.
Како што растат, тие ќе бидат таму едни за други.
Роднините можат да ве поддржат во тешки времиња затоа што најдобро ве познаваат. На пример, во случај да изгубите член на семејството, роднините ќе бидат таму за вас и ќе ја разберат вашата болка подобро од кој било друг. Вие ќе бидете во можност да си помагате едни на други.
Роднина е некој кој ги знае вашите тајни. Некој кој ве поддржува и ве охрабрува. Луѓето се чувствуваат подобро кога се опкружени со луѓе со слични интереси и слично чувство за хумор. Се чувствуваме како дома – и честопати се чувствуваме така кога сме со роднините.
Можеби оддалеченоста ќе ве оддели некое време. Можеби сте премногу зафатени со работа или можеби ќе треба да се преселите. Меѓутоа, откако ќе воспоставите односи со роднините, ќе развиете способност да продолжите таму кадешто сте застанеле без оддалеченоста да влијае на вашата врска.
Ако имате среќа да имате прекрасни роднини, или сте родител кој се обидува да му овозможи на вашето дете да поминува време со роднините – знајте дека врските што сте ги направиле ќе траат засекогаш.