Самопрогласениот експерт за љубовни врски и состаноци, корисник на ТикТок под името @RealTalkMiami, ја допре темата за излегување со самохрани мајки. Неговото видео, кое собра повеќе од 16.000 прегледи, но потоа беше избришано, разлути многу корисници на оваа социјална мрежа. На него тој набројува три причини зошто мажите не треба да бидат во сериозна врска со самохрана мајка.
Неговиот „совет“ се заснова на фактот дека во таква врска мажот, наводно, „никогаш нема да биде на прво место, туку тоа секогаш ќе биде резервирано за детето“. Другите два „проблеми“ се вртат околу фактот дека овие жени доаѓаат „во пакет“ со деца.
„Детето не е твое, па не можеш да го дисциплинираш. Исто така, мајката може да го земе детето со себе во секое време, па ако раскинете повеќе нема да можеш да го гледаш. И, конечно, ти треба да плаќаш цена за одговорноста на друг маж“, објаснил тој.
Но, најголем бес кај корисниците тој предизвика со заклучок на крајот од контроверзното видео, во кое им порача на своите следбеници: „Самохраните мајки се само за рекреативни цели, заштитете се себе си и својот паричник“.
Што мислите вие за врските во кои некој од партнерите влегуваат во пакет со своите деца од претходните врски?
Дали сте и вие родител со дете од претходната врска и какви се вашите искуства во новата врска?
Што мислат вашите деца за вашиот нов партнер, каков е нивниот однос или, вашиот кон децата на вашиот нов партнер?
Фото: TikTok/Screenshot/@RealTalkMiami