Девојчињата кои ја делат мајчината утроба со браќа, најчесто се помалку образувани, заработуваат помалку и имаат помалку деца од девојчињата кои имаат сестра близначка, е главниот заклучок од истражувањето кое го спровеле Кристоф Карбовник, бихејвиорален економист од универзитетот Емори во Атланта и Кристофер Кузава, бихејвиорален антрополог од универзитетот Нортвестерн во Иванстон, САД.
Студијата под називот Evidence that prenatal testosterone transfer from male twins reduces the fertility and socioeconomic success of their female co-twins („Докази дека пренаталниот трансфер на тестостеронот од машките близнаци ја намалува плодноста и социоекономскиот успех на нивните сестри близначки“), објавени во престижниот журнал PNAS (Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America).
Карбовник и Кузава, кои анализирале стотици илјади обични и близначки бремености, велат дека главен „виновник“ за резултатите од студијата за изложеноста на девојчињата на тестостерон во текот на феталниот развој, додека одделни критичари тврдат дека вистинскиот механизам, сепак, останува мистерија.
„Мислам дека е ова многу интересен поглед на тоа како овој навистина комплициран систем може да влијае на жените“, вели Талија Мелбер, биолошки антрополог од универзитетот во Илиноја, која не била вклучена во истражувањето. Сепак, Мелбер предупредува дека е неопходно уште многу работа за да знаеме дека причинско-последината врска е навистина воспоставена.
Вo студијата која е објавена во средината на март и која веќе привлекла големо внимание на другите истражувачи и на медиумите, Карбовник и Кузава користеле податоци за 728.842 деца родени во Норвешка во периодот од 1967. до 1978, меѓу кои имало 13.800 близнаци. Котролирајќи ги факторите како што се тежината при раѓањето и образованието на мајката, Карбовник и Кузава утврдиле дека кај жените кои имаат брат близнак има 15,2% помала веројатност дека ќе завршат средно училиште, 3,9% помала веројатност дека ќе заврши факултет и 11,7% помала веројатност дека ќе се омажат, во споредба со жените кои имааат сестра близначка. Тие исто така имаат помалку деца (5,8%) и заработуваат 8,6% помалку од жените кои во утробата биле со сестри.
Карбовник и Кузава исто така ги анализирале оние жени чиј брат близнак умрел или на породувањето или набрзо потоа. Значи, станува збор за жени кои во матката биле изложени на тестостерон, но кои се подоцна одгледувани како единици, односно без брат близнак.
Во истражувањето се издвоиле 583 жени во ваква ситуација кои имале целосно исти животни услови како и оние кои имаат живи браќа близнаци, што сугерира дека причина за ова е пренаталниот тестостерон, а не само фактот дека девојчето расте со брат близнак.
Сепак, студијата не објаснува зошто тестостеронот воопшто би имал вакви ефекти. Претходните истражувања покажале дека во споредба со жените кои немаат браќа близнаци, жените кои ја делеле утробата на мајка им со браќа, имаат тенденција кон развивање на структура на коските која е послична на онаа кај мажите, како и мозок кој повеќе потсетува на просечните машки мозоци (по прашањето за функционирање на помнењето и процесуирањето на емоциите).
Карбовник и Кузава сметаат дека сето ова може да доведе до тоа ваквите жени да делуваат поагресивно, да бидат склони кон преземање повеќе ризици и да се однесуваат онака како што традиционално се однесуваат мажите.
Понатаму Карбовник тврди дека тоа може да доведе до нивна пониска социоекономска состојба. Покрај тоа, асертивна жена може да биде отфрлена заради кршење на традиционалните родови норми, додава тој.
„Ако мислите дека друштвото ги казнува овие обрасци на однесување, тогаш е тоа дел од последиците кои ги мериме“, вели Карбовник и додава дека би сакал да ја повтори студијата користејќи податоци за помлади близаци, со оглед на тоа дека друштвените ставови за родовите норми се смениле во последните неколку децении.
Фото: Unsplash