Зошто жените и децата се поотпорни на корона вирусот?

Според Светската здравствена организација, мажите имаат поголема веројатност да се разболат, а женскиот имунолошки систем е поотпорен поради хормонот естроген. Најранливи се постарите лица, особено оние над 65 години. Децата можат да се заразат исто така, но тие не се разболуваат. Сè уште не е објаснето зошто, а медицината смета дека е ова резултат на вродениот „неспецифичен систем“.

0
639

Според Кристијан Достен, главен вирусолог на берлинската клиника „Шарита“, корона вирусот ќе се шири со голема брзина во наредните недели и месеци и ќе зарази две третини од населението. Ништо нема да се смени во врска со тоа ниту кога ќе стане потопло и кога ќе помине класичниот период на грип.

Добро е тоа што кај повеќето инфицирани инфекцијата ќе има благ тек. Така, повеќето луѓе на есен, кога се очекува следниот бран на настинки, веќе ќе имаат антитела против САРС-КоВ-2, пишува Дојче веле.

Најзагрозени и натаму ќе продолжат да бидат постарите лица, кај кои стапката на смртност од 65-годишна возраст нагоре експоненцијално расте. На пример, во Кина, стапката на смртност кај оние под 40 години е 0,2 проценти, помеѓу 70 и 79 години е 8 проценти, а кај оние над 80 – 14,8 проценти.

Затоа, следната недела треба да се внимава, пред сè и најважно, да се заштитат старите лица, особено оние кои се веќе болни, или биле болни од некои други болести. Оваа ризична група треба да избегнува големи собири, концерти и слично.

Повеќето од смртните случаи од вирусот биле болни пред инфекцијата. Според анализата спроведена од Светската здравствена организација во Кина, на ризик се изложени постарите луѓе со болести на срцето и крвните садови, дијабетес, висок крвен притисок, хронични респираторни заболувања и рак.

Според СЗО, мажите имаат поголема веројатност да заболат од вирусот САРС-КоВ вирусот отколку жените. Стапката на смртност во Кина во средината на февруари меѓу мажите била 2,8 проценти и 1,7 проценти меѓу жените. Слична распределба постоела уште во 2003 година кога избувна САРС во Хонг Конг. Дури и нормалниот сезонски грип повеќе ги погодува мажите отколку жените.

Имунолошкиот систем на жените е поотпорен. Првенствено за ова е одговорен  хормонот естроген, кој го стимулира имунолошкиот систем и силно се бори против предизвикувачите на болести. За разлика од машкиот тестостерон, кој го блокира имунолошкиот систем.

Покрај тоа, постојат и „генетски причини“, како што вели молекуларниот биолог Томас Пичман за Дојче веле. Тој вели дека „имунорелевантните гени“, „на пример оние што се одговорни за откривање на предизвикувачите на болестите, кодирани на Х-хромозомот“. Бидејќи жените имаат два Х-хромозоми, а мажите имаат само еден, тука е предноста на страна на жените.

Покрај генетските предиспозиции, важен е и начинот на живот. Мажите честопати живеат понездраво од жените. На пример, во Кина околу 52% од мажите пушат, а ниту три проценти од жените. А белите дробови нарушени од пушењето се почувствителни на вирусот.

Се разбира, децата можат да се заразат, но тие не се разболуваат и покажуваат само благи симптоми. Сè уште не е јасно зошто е тоа така. Медицината смета дека кај децата делува т.н. вроден „неспецифичен систем“.

Заштита од првите патогени се добива веќе во фаза на фетусот а кога ќе се роди бебето, од мајчиното млеко. Во вродената заштита на организмот спаѓаат и клетките кои ги напаѓаат предизвикувачите на болести кои во телото влегуваат преку слузокожата и кожата.

Оваа “пасивна имунизација” обично е доволна за периодот додека не се воспостави целосно имунолошкиот систем на детето. А тоа се случува до 10-тата година од животот. А и после тоа, имунолошкиот систем останува способен доживотно да се учи како да се бори против други предизвикувачи на болести, наведува Дојче веле.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]