Кога околу 10-ти месец бебето ќе покаже волја за одење, подгответе се.
И покрај тоа што многумина користеле дубак за своите деца, бидејќи на тој начин вие не си го кривите р’бетот, а бебето е среќно затоа што стои и оди, сепак експертите препорачуваат да се избегнува неговата употреба. При движењето локомоторниот систем вработува цела низа мускули, па така самото одење не ги ангажира исклучиво листовите и мускулите на бедрата, туку и разни потпорни групи, т.н. фиксатори.
Мускулите лоцирани во препоните служат за да го подготват телото за акција, односно движење. Кога детето седи во дубак, овие мускули стануваат непотребни, затоа, тие не се развиваат доволно. Подоцна, кога детето ќе прооди, не е целосно свесно за движењата, а и поради неразвиените мускули често паѓа. Затоа лекарите денес препорачуваат, сепак, проодувањето да оди по природен пат.
Заклучокот се наметнува сам од себе – ако го поддржуваме движењето со надворешно влијание, развојот на потпорните мускулни групи ќе биде забавен. Затоа, оставете му на вашето дете да се држи до вас, обезбедете му безбеден простор во куќата и почекајте ги првите чекори.
Оставајте самото да се крева во оградичката, да се исправа, да се движи држејќи се за неа, па може да се случи еден ден да ве изненади и да ја претрча не држејќи се за ништо.
Фото: Pexels