Зошто е добро да им сервирате на децата главен оброк и десерт во исто време?

Ако им дадеме на децата десерт откако ќе изедат брокула, всушност имплицираме дека брокулата има лош вкус, а десертот е добар и испраќаме погрешна порака.

0
148

Мајката и нутриционистка Емили Дингман објаснила зошто на децата секогаш им го сервира десертот со главниот оброк, а повеќето родители велат дека идејата е генијална.

На видеото објавено на „ТикТок“, Емили ја објаснила својата филозофија дека всушност се обидува да ги научи децата да не ги поврзуваат слатките со задоволство или да ги сфаќаат како награда.

Ако им дадеме на децата десерт откако ќе изедат брокула, всушност имплицираме дека брокулата има лош вкус, а десертот е добар и испраќаме погрешна порака. На овој начин, храната е неутрална и не му се дава предност на ниту еден избор“, истакнува таа.

„Друга причина е тоа што им овозможува на децата да ги слушаат сопствените знаци на глад и да не се прејадуваат или да штедат простор за десерт“.

Нејзиното видео е прегледано 1,7 милиони пати, а родителите во коментарите го фалат советот што го дава. „Ова е генијално“, „Ова би ми помогнало во детството да изградам подобар однос кон храната“, „Сега често претерувам затоа што моите родители не ми дозволуваа шеќер и чипс“, признаваат некои од нив.

Што мислите вие за идејава?

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Фото: ТикТок

[better-ads type='banner' banner='999' ]