Зошто е важно да не ги осудувате мајките што не дојат?

На мајките им е потребна поддршка! Сѐ повеќе жени се соочуваат со срам и со осуда затоа што не ги дојат своите деца.

0
616

„Знам жени кои имале поголеми проблеми, па сепак доеле“. На овој начин обично луѓето ги осудуваат мајките кои користат формула.
Многу често тие си даваат за право да ги засрамуваат мајките. Иако сите се обидуваат да бидат фини, сепак го кажуваат токму она што не треба да ѝ се вели на личност која има дете.

Една од најчестите теми е доењето и употребата на млечна формула како замена за мајчиното млеко. Честопати, обично на ‘фин’ начин, се зборува против мајките кои не можат или не сакаат да го дојат своето дете.

Да, сите сме свесни за фактот дека мајчиното млеко има најмногу придобивки за детето, но тука е важно да се истакне една работа: Секој родител носи своја одлука и избира што смета дека е добро за своето дете. Сепак, честопати се чини дека жените кои не ги дојат своите деца се гледаат како „полоши“ мајки за своето дете.

Така, ваквите теми се покренати многу пати досега на социјалните мрежи. Повод за една од нив беше објавата на една мајка на Редит.

Објавата првично дошла од мајка која го доела своето прво дете, но второто дете не можела поради запек и големо слабеење. Таа, исто така, се обидувала да користи пумпа за измолзување, но не успевала. Биле очајна, но детето одлично напредувало и без нејзиното млеко.

За жал, коментарите за ова прашање не изостанале. „Зошто не го доите бебето“, е еден од најчестите коментари. И како тоа да не е доволно, следува следниов: „Јас познавам жени кои имаа поголеми проблеми, па го доеја своето дете“.

Луѓето се во состојба постојано да го истакнуваат фактот дека мајката не се борела или не се борела доволно за да успее со доењето. Тие велат дека не треба да се откажува иако не се свесни за тешкотиите со кои се соочуваат жените.

Една мајка може да има проблеми со количината на млеко, со поврзаноста на бебето, може да има некој сериозен медицински проблем. Постојат многу причини.

На родителите им е потребна поддршка. На мајките им е потребна поддршка. Мајчиното млеко е навистина најдобрата опција за бебето, но имајте разбирање. Секој се труди колку што може.

Покрај храната и спиењето, да се има среќна мајка е најважно за бебето. Ако може да дои – супер. Ако не, таа е сепак најдобрата мајка која прави најдобро што може.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]