Зошто доаѓа до губење на бебето во бременоста?

Најдобро е пред планираната бременост да направите контролни прегледи заради откривање на евентуални инфекции

0
559

Според дефиницијата на Светската здравствена организација, спонтан абортус е експулзија на живо или мртвородено бебе до 22-та недела од бременоста или ако е плодот тежок 500 грама или помалку. Лекарите велат дека дури 15 проценти од бременоста завршуваат со спонтан абортус. Посебна категорија на спонтани абортуси која бара посебна дијагностика се спонтаните абортуси кои се повторуваат два или три пати по ред и се нарекуваат хабитуални спонтани абортуси, а можат да настанат пред или по успешно завршена бременост.

Факторите на ризик за појава на спонтан абортус може да бидат: возраста на мајката, тоа се жени помлади од 18 години и постари од 35 години, хромозомски абнормалности на фетусот, анатомски нарушувања на матката, нарушен хормонален статус, како и дијабетес.

Инфекциите се исто така фактор на ризик, такашто за да се спречи, задолжително и најлесно е да се прават брисеви за бактерии и габи, кламидија, микоплазма и уреаплазма, како и тест за инфекција со токсоплазма. Гинеколозите посочуваат дека никогаш не треба да забораваме на други фактори како што се пушење, алкохол, лекови, но и психолошки проблеми.

Сепак, најдобро е да направите прегледи пред да планирате бременост за откривање на можни инфекции, аномалии на матката, ендокрини нарушувања, имунолошки нарушувања, избегнување на фактори на ризик од емоционална и физичка природа и прекин на пушењето.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]