Зошто децата не треба да ги смирувате и да ги тешите со храна?

Навиката на возрасните луѓе да се прејадуваат или пак да не јадат кога имаат емотивни проблеми, е стекната во детството, а психолозите советуваат како таа може да се избегне.

0
188

Тешењето со храна не е наследно туку е научено однесување, утврдиле британските научници кои ги предупредуваат родителите да не ги „учат“ децата дека можат да се утешат со прејадување, туку да најдат попозитивни начини за решавање на емотивните проблеми.

Според истражувањето кое го спровел лондонскиот универзитет, а премесува Би-Би-Си, околината е главен фактор кој влијае на тоа децата со емотивни проблеми да јадат премногу или пак да престанат да јадат, односно, е резултат од однесувањето на родителите кои на своите деца кога се вознемирени им даваат од нивната омилена храна.

Сепак, британската организација „Bit” која се занимава со пореметувања во исхраната им порачува дека не треба да се обвинуваат родителите  затоа што станува збор за комплексни ментални проблеми кои никогаш немаат само една причина. Оваа организација потсетува дека поранешните истражувања утврдиле  дека кај некои луѓе постои генетска предиспозиција за развој на пореметувања во исхраната.

„Наместо да најдат попозитивни стратегии за регулирање на детските емоции, тие ја користат храната“, рекол раководителот на студијата др.Клер Левелин и додал: Склоноста кон прејадување како одговор на негативните емоции би можеле да бидат фактор на ризик за развој на дебелина. А емотивното прејадување или престанокот на земање храна можат да бидат важни во развојот на пореметувањата во исхраната како анорексија или компулзивно голтање на храна. Да се разбере како се развиваат тие склоности е клучно затоа што им помага на научниците да дадат совети за да се спречат или да се сменат и на што да се усмерат во идните истражувања“.

Според психолозиуте, една од основните физиолоишки потреби со кои се раѓаме е потребата за храна, која ја чувствуваме како глад, и дека првиот контакт што го има детето со мајката е врзан токму за хранењето. Пријатноста што ја чувствува бебето  од тој контакт со мајката е претходник на сите пријатни емоции подоцна во текот на животот, па во тој смисол храната е значително психолошко-емоционално обоена категорија.

„Внесувањето на храна може да поттикне или да биде поттикнато со цела низа различни чувства и емоции. Децата кои растат во дисфункционални семејства се изложени на поголем ризик од развивање на некое пореметување  во исхраната. Меѓутоа, проблемите во исхраната се специфични и за деца кои се наоѓаат пред големи емоционални тешкотии и кои на тој начин излегуваат на крај соразличлни непријатни чувства. Децата можат да развијат т.н.емоционална глад која подразбира дека во стресни и непријатни ситуации со неконтролирано и несвесно внесување на храна обезбедуваат што повеќе пријатни емоции и голтање и потиснување на непријатните емоции“, објаснуваат психолозите.

Во тој смисол, многу е важна улогата на родителите затоа што тие би требало да му помогнат на своето дете да научи како да се избори со непријатните чувства, како и да биде во состојба да обезбеди кај себе пријатни чувства во однос на различни ситуации.

Родителите се модел за децата, па често доколку и самите покажуваат емотивна глад и детето може да развие ист образец. Родителите имаат најголемо и незаменливо влијание врз емоционалниот развој на децата од најрана возраст.

Во тој смисол е битно да им дадат на децата поддршка за да ги препознаат сопствените емоции, да ги именуваат и да ги изразат на прифатлив начин. Родителите треба да креираат емоционално сигурна средина која му обезбедува на детето поддршка за да може да ја изрази која било емоција без страв дека ќе биде отфрлено, критикувано и неприфатено. За да може да го направи тоа, и самиот родител треба да е способен да толерира различни непријатни емоции кај децата и да им помогне да ги изразат и да ги канализираат низ комуниукација и однесување. Со давање на поддршка и на разбирање родителите изразуваат и емпатија кон детето, што е една од основите за поттикнување на развој на истата особина кај самото дете.

Во рамки на истражувањето чии резултати се објавени во списанието Pediatric Obesity, биле следени 398 британски близнаци од кои половината потекнувале од дебели семејства. Родителите пополнувале прашалници за прехранбените навики на децата и нивните емотивни состојби.

Со оглед на тоа што резултатите покажале дека нема разлика помеѓу еднојајчените и двојајчените близнаци, научниците заклучиле дека проблемите во исхраната не се резултат на генетиката туку на влијанието на околината.

Со истражувањето било утврдено дека склоноста кон тешење со храна се развива во претучилишната возраст и затоа, во тој период на родителите треба да им се даваат појасни совети за тоа како да се однесуваат за да им помогнат на децата кога се вознемирени.

Наместо да се смируваат со храна, психолозите советуваат со децата да се разговара отворено за нивните чувства, а помладите деца да се смират со прегратки. Научниците предупредуваат дека емотивното хранење е склоност која може да трае цел живот.

[better-ads type='banner' banner='999' ]