Зошто децата и младите сакаат ТикТок: 3 работи што родителите треба да ги знаат

Оваа социјална мрежа е измислена во Кина во 2017. година, а на членовите им било дозволено да користат 15 секунди од туѓа музика за да направат свое видео. Значи, започнала со пеење на караоке, а заврши со теми и вокабулар што воопшто не се за деца.

0
264

Како да го контролирате она што вашето дете го прави на ТикТок? И на другите социјални мрежи? Прочитајте …

ТикТок е најновата и, во моментов, најпопуларната социјална мрежа за млади. Предизвиците кои се појавуваат на оваа мрежа се причина за зголемена загриженост затоа што последниот – „Blackout“ (затемнување, фигуративно, губење на свеста) – веќе доведе до губење на млади животи.

Да ве потсетиме, додека снимаа за ТикТок, несреќните жртви се обидуваа да се доведат во несвесна состојба со задушување и предизвикаа смрт.

За почеток, само историјата на оваа мрежа во две реченици: оваа социјална мрежа е измислена во Кина во 2017. година, а на членовите им било дозволено да користат 15 секунди од туѓа музика за да направат свое видео. Значи, започнала со пеење на караоке, а заврши со теми и вокабулар што воопшто не се за деца.

Денес го користат најголемите sвезди и има околу милијарда корисници. Го има во 150 земји.

ТикТок постојано потсетува дека никој на возраст под 13 години не треба да ја инсталира оваа апликација на својот телефон, но не постои можност да се провери возраста на корисникот. Бидејќи се случија трагичните случаи, многу земји ја разгледуваат можноста за забрана на оваа мрежа за деца. И тинејџерите се во голема опасност, а родителите ширум светот се прашуваат – зошто младите толку многу го сакаат ТикТок?

1. Ова е место без родители.

Најголемата грешка што родителите можат да ја направат е да не знаат каде се нивните деца. Ако ги одбивате сите нови технологии, ако не успеете барем малку да бидете во чекор со новите трендови, знајте дека на Интернет е речиси исто како да ги оставате вашите деца сами на улица во непознат град. Ако вашето дете е на ТикТок, морате да го запознаете.

2. Тука нема надзор од возрасни.

Кој сака повеќе да се „глупира“ од децата и од тинејџерите без надзор? Особено ако тоа може да трае „само 15 секунди“ и ништо „да не се случи во реалниот свет“. Додека седи зад вас во автомобилот и се забавува со својот мобилен телефон, детето е изложено на влијанија за кои вие – многу веројатно – знаете многу малку. Дали знаевте дека на ТикТок има поставки што можат да влијаат на тоа како вашето дете ја користи оваа апликација? Можете да воспоставите контрола, како и да го договорите степенот на контрола со детето и да ја менувате по потреба.

3. Слава и популарноста може да се стекнат „за 15 секунди“.

Да, фигуративно кажано, славата се стекнува за 15 секунди ако видеото што го објави детето стане „вирално“, односно се шири толку брзо што го пренесуваат илјадници луѓе. Сепак, детето не разбира дека оваа слава може да исчезне и преку ноќ и дека ниту нејзиното доаѓање ниту нејзиното заминување не треба да се сфаќаат сериозно. Родителите мора да му објаснат на детето и да го убедат – не теоретски – туку интимно, на ниво на најдлабоки верувања – дека неговата вредност не зависи од лајковите и дислајковите, од поздравите преку Фејсбук, Инстаграм и ТикТок – туку дека извор на вистинска љубов се неговото семејство и пријателите.

Ова не е нешто што се постигнува преку ноќ, дури ни за 15 секунди, туку во тоа родителите и сите возрасни мора да вложат доволно време, со цел да разберат што им е потребно на децата и зошто ги привлекуваат новите социјални мрежи и апликации.

Фото: Youtube / ellakdancer

[better-ads type='banner' banner='999' ]