Зошто детето треба само да се облекува?

Многу стручњаци се водат од тоа дека облекувањето е темелна активност и една од главните компоненти на секојдневниот живот. Професионалните терапевти знаат од искуство дека способноста на децата да се облекуваат сами игра голема улога во осамостојувањето и стекнувањето самодоверба.

0
369

За да порасне во самостојна и снаодлива личност, потребно е да му се дозволи на детето да учествува во сите примарни активности, како што е облекувањето, исхраната и хигиената. Со оглед на можностите, упатствата и очекувањата, децата уште во поголемите групи во градинка би требало да ги задоволат повеќето свои основни потреби, иако тоа не значи дека одвреме навреме нема да побараат помош.

Битно е да ги поттикнувате и да ги храбрите при секој нивни обид да делуваат самостојно, а знаењата и вештините ќе доаѓаат постепено, едно по едно.

Многу стручњаци се водат од тоа дека облекувањето е темелна активност и една од главните компоненти на секојдневниот живот. Професионалните терапевти знаат од искуство дека способноста на децата да се облекуваат сами игра голема улога во осамостојувањето и стекнувањето самодоверба.

„Самостојноста во облекувањето е важна психолошкa и емоционална пресвртница“, тврди д-р Карен Раскин, семеен терапевт. „Децата тежнеат кон независност, па не треба да чуди нивната желба да облечат костим за капење во јануари. Секако, тоа возрасните нема да го дозволат, но ваквите искуства им се неопходни на најмладите, затоа што благодарение на нив градат персоналитет и самодоверба“, додала таа.

Раскин вели дека и постапката на облекување, како што е закопчувањето на копчињата, претставува основа за развој на моториката, а таа е многу важна. Затоа им советува на родителите да ги пуштат децата самите да бираат што да облечат, но и да им дозволат да се облечат самите, иако тоа трае подолго затоа што не се спретни. Не мора тоа да биде секогаш, но пожелно е секој втор ден.

Kога е детето во состојба самостојно да се облече?

Во продолжение ви претставуваме листа од активности кои се соодветни за возраста на децата.

Деца до 12 месеци старост:

Соработуваат во облекувањето и обувањето (Ја подаваат раката за облекување на капутот, ногата за чевелот, итн)

До 18 месеци старост:

Можат да го извадат капчето

Да го облечат чорапчето

До 2 години старост:

Ги собуваат плитките чевлички

Откопчуваат голем патент

Ја слекуваат јакничката

До 2,5 години:

Ги облекуваат чевличките со асистенција на возрасните.
Во состојба се да ги соблечат јакната, маицата, пантолоните, чевлите, чорапите и други предмети за облекување, со асистенција на возрасна личност.

До 3 години старост:

Ја слекуваат облеката

Ги креваат лабавите пантолони

Облекуваат долна облека, пантолони, маици, кошули, чорапи, чевли, јакни, капутчиња и капички, но такашто возрасна личност им помага во идентификацијата на предна/задна, како и на левата и десната страна и им помагаат при закопчувањето.

До 3,5 години:

Во состојба се целосно независно да ги соблечат пантолоните

Закопчуваат големи и широки копчиња

Сами ги слекуваат чевличките

Самостојно ги одредуваат левото и десното чевличе и ги облекуваат на вистинската нога.

Самостојно откопчуваат големи патенти.

Самостојно ја соблекуваат облеката која се облекува преку главата, со евентуална помош од возрасните.

До 4 години:

Самостојно ја соблекуваат цела облека која се облекува преку главата.

Потполно самостојно ја симнуваат облеката која се откопчува од предната страна.

Умеат да ги одредат предната и задната страна на маицата и знаат да ја навлечат преку главата.

Самите облекуваат чорапчиња.

Со 5,5 години:

Самостојно се облекуваат.

Самите го вовлекуваат горниот дел (поткошула или маица) во пантолоните.

Ги врзуваат чевлите

За крај, погледнете го смешното видео кое прикажува како изгледа тоа кога децата првпат се обидуваат да се облечат и тоа целосно сами, без помош од родителите!

[better-ads type='banner' banner='999' ]