Зошто девојчињата „подобро слушаат“ и порано прозборуваат?

Бројни понови истражувања во текот на кои е мерен т.н.акустичен одговор на мозокот покажале дека девојчињата слушаат значително подобро. Oва може да биде една од поважните причини поради кои девојчињата генерално ги развиваат говорните вештини побрзо од момчињата. Мажите треба да ги имаат овие факти на ум кога им се обраќаат на девојчињата. Ако го користам својот нормален тон, девојчињата можеби ќе мислат дека викам на нив.

0
187

За чудо, сите во одделението беа мирни. Нивната задача беше дома да го истражат својот астролошки знк, за потоа на часот да напишат состав за тоа колку нивните особини се поклопуваат со особините на знакот.

Ана крена рака.

Учителу, можете ли да погледнете дали добро работам?“

Секако“. Клекнав покрај неа и почнав да читам.

Ана, дали даде некои примери од своето искуство во составот?“

Не“.

Дали даде одговор на прашањето дали тие карактеристики на хороскопскиот знак навистина те опишуваат?“

Не“.

Дали напиша вовед во составот?“

Не“.

Во тој момент забележав дека и навираат солзи.

Порано во текот на својата кариера, кога ќе здогледав солзи, тоа малку ме пореметуваше. Ќе почнев да поставувам прашања. Подоцна сфатив дека тука има нешто друго. Еве и што.

Џенел Кејн била апсолвент наУниверзитетот во Флорида кога во 1991.година решила да истражи дал пуштањето на музика на предвремено родените бебиња има некакво влијание на нивниотапетит и раст. Она што го открила била навистина неверојатн. Бебињата изложени на тивка музика не не само што растеле побрзо, туку имале и помалку компликации. Освен тоа, тие бебиња биле отпуштаи од болница во просек пет дена порано во однос на бебињата на кои не им пуштале музика.

Било тоа фасцинантно и важно откритие. Но уште поневеројатно одтоа било откритието дека машките и женските бебиња не реагирале на еднакво на музиката. Девојчињата кои по раѓањето слушале музика ја напуштале болницата дури девет дена порано од оние кои не слушале. Од друга страна, кај машките не била забележана никаква разлика.

Зошто е тоа така? Бројни понови истражувања во текот на кои е мерен т.н.акустичен одговор на мозокот покажале дека девојчињата слушаат значително подобро, особено оние звуци кои се наоѓаат во распон помеѓу 1000 и 4000 Hz. A распонот од околу 1500 е критичен за разбирање на човечкиот глас.

Помеѓу останатите причини, ова може да биде една од поважните причини поради кои девојчињата генерално ги развиваат говорните вештини побрзо од момчињата. Но, дали сте знаеле дека учителите чесно несвесно креаираат опкружување за учење кое ќе се прилагоди токму на оваа разлика помеѓу момчињата и девојчињата.

Да кажеме, бидејќи девојчињата одредени тонови слушаат подобро од момчињата, учителите често избегнуваат да ги стават во училницата да седат до ѕид или врата затоа што, ако некои разговара во ходникот, поголеми се шансите дека девојчињата ќе слушнат и дека тоа ќе ги попречи во работата.

Мажите (дали се тоа учители или не) треба да ги имаат овие факти на ум кога им се обраќаат на девојчињата. Ако го користам својот нормален тон, девојчињата можеби ќе мислат дека викам на нив. Тоа е токму она што се случи тој ден со Ана.

Сфаќајќи зошто плаче, се наведнав покрај неа и и реков дека не сум и лут и дека не и викав. И го снижив гласот. Веднаш ме разбра и престана да плаче.

Можеби оваа еволутивна разлика помеѓу момчињата и девојчињата довела до тоа тие да се разликуваат во начинот на кој го прифаќаат карањето. Можеби девојчињата стануваа поосетливи затоа што секој погласен тон за нив претставува викање.

А кога вашиот син следниот пат нема да ве послуша од првпат, размислете, можеби едноставно не ве слушнал!

Текстот и фотографијата се од ТУКА.

[better-ads type='banner' banner='999' ]