Baby-Led Weaning (кога бебето е водач на самата своја дохрана) е метод кој настанал во Велика Британија. Тоа значи дека бебето самото ја фаќа храната која е мека и густа наместо родителите да го хранат со лажица. Со овој едукативен метод, бебињата можат да јадат кашички со прсти или со прибор, но не и да бидат хранети од родителите“, објаснува мајката и педијатар Наталија Стасенко.
Родителите кои го следат овој метод веруваат дека има многу придобивки за нивното бебе, како што се охрабрување да пробаат различна храна и одржување на здрава тежина. Понатаму, истражувањата сугерираат дека бебињата водачи на дохраната има помала веројатност да бидат нервозни и поголема е веројатноста дека подоцна ќе сакаат разновидна храна.
Понатаму, во истражување спроведено од порталот Babyology, нова студија спроведена на 269 бебиња открива дека кога бебињата биле доени, немало разлика во тежината во споредба со оние бебиња кои биле хранети со лажица или се хранеле сами. Но, оние бебиња кои биле хранети со шише биле генерално потешки од сите други.
Млекото е важно
Цврстата храна не би требало да биде единствениот дел од исхраната на детето. Бебињата помеѓу шест и 12 месеци сè уште треба да добијат многу енергија од мајчиното или од адаптираното млеко. Всушност, на возраст од шест до осум месеци, на бебињата им требаат помалку од 200 калории на ден од цврста храна.
Истражувањата со постари деца покажуваат дека користењето на „респонзивен стил на хранење“ – каде што се нудат многу здрави опции, но родителите не вршат премногу притисок врз тоа колку децата јадат – е поврзано со поздрава тежина и поразновидна исхрана. Децата се поспособни да ги слушаат сопствените знаци на глад и не копнеат по храна која е „забранета“ – што значи дека е помала веројатноста да се прејадат.
Респонзивно или одговорно хранење
Истражувањата со мали бебиња покажуваат дека е важно и „респонзивно реагирање“ за време на хранењето со млеко. На пример, бебињата кои се хранат со шише, а биле надгледувани од нивните родители, јаделе помалку затоа што родителите забележале знаци на ситост кај нив. Одлуките за хранење на бебињата се комплексни. Но, добрата вест е дека повеќето бебиња, освен кога се во прашање медицински причини или грижа за нивната храна или тежина, треба сами да одлучат колку и кога да јадат, бидејќи тие навистина можат и го знаат тоа. Ако го нахраните вашето дете со лажица, оставете го да го одреди темпото на оброкот самостојно. Понудете им помали количини оброци и застанете да видите дали детето е навистина гладно или бара внимание.
Авокадо, брокула на пареа, банани, меко овошје или печен зеленчук се само некои од примерите на едноставна храна што би можеле да ја пробате уште утре, доколку сакате да го испробате овој начин на хранење. Некои бебиња можеби не јадат многу на почетокот кога ќе почнат да се хранат самостојно, но не грижете се. Запомнете, важно е и искуството на самото учење. Нека си игра со храната, да ја почувствува нејзината текстура и да го научи нејзиниот вкус. Исто така, не грижете се за нередот!
Фото: Pexels