Според студијата објавена во списанието „The Gerontologist“, бабите кои имаат блиска емотивна врска со внуците се под помал ризик од депресија. За среќа, многу баби имаат тенденција да покажуваат голема љубов кон внуците, а понекогаш се чини дека сега ја покажуваат во многу поголема мера отколку кога нивните деца биле мали.
Bright Side истражил зоштое тоа така.
Колку се повозрасни, луѓето се помалку строги
Тие исто така се многу позрели и имаат зад себе цела животна школа. Тие преживеале бројни разочарувања, подеми и падови, а благодарение на усвоените животни лекции, тие се поподготвени да градат блиски односи со другите луѓе, особено со своите внуци.
Бабите имаат поинакви приоритети
Нивните деца се возрасни и повеќе не им е потребна нивна помош онолку како кога биле мали. Покрај тоа, бабите често се во пензија и имаат многу повеќе време да се занимаваат со своите внуци, и се трудат максимално да го искористат секој момент што го поминуваат со нив.
Бабите не се толку критични како родителите
Родителите понекогаш можат да бидат многу критични кога станува збор за нивните деца, што може да биде фрустрирачко за обете страни. За разлика од тоа, бабите и дедовците обично не ги критикуваат внуците за нивното лошо однесување, како што правеле со своите деца. Тие секогаш се обидуваат да ги придобијат децата на своја страна и се познати по тоа што со задоволство ќе ги ’разгалат’ со љубов.
Улогата на бабата е многу помалку стресна и одговорна од улогата на родителот
Родителите обично се одговорни да им обезбедат на своите деца основни потреби и образование, такашто бабите веќе ја немаат оваа улога. Иако улогата на бабата е исто така важна, тие немаат исти одговорности како родителите. Нивната улога е повеќе насочена кон обезбедување емоционална поддршка и безусловна љубов.
Фото: Pexels