Знаете ли што е фетус во фетус или паразитски близнак?

Во Израел, лекарите откриле дека во телото на новородено девојче растела нејзината близначка. Оваа здравствена состојба се нарекува фетус во фетус или паразитски близнак. Според British Medical Journal, во медицинската литература се вкупно забележани помалку од 200 такви случаи.

0
136

Докторите во Израел биле изненадени кога откриле дека во телото на новороденото девојче раснела нејзина близначка. Ова е исклучително редок феномен, кој се јавува во еден од 500.000 случаи.

Девојчето е родено кон средината на јули во Медицинскиот центар Асута во Ашдод, Израел.

Според The ​​Times of Israel, откако се родила, била детално прегледана со ултразвук и рентген, бидејќи лекарите за време на бременоста забележале дека стомакот на бебето е зголемен. Откриле дека во внатрешноста на доенчето има ембрион.

„Не изгледаше како ембрион како што ние го замислуваме. Изгледаше како гума на графитно моливче. Бевме изненадени кога сфативме дека е ембрион“, рекол Омер Глобус, директор на одделот за неонатологија во Асута, за The ​​Sun.

Тим од врвни експерти во медицинскиот центар го оперирал девојчето и нашол уште една слична творба во нејзиниот стомак.

„Мислиме дека имаше повеќе ембриони, што може да сугерира дека потенцијално во мајчината утроба некогаш раснеле тројки“, вели Глобус.

Оваа здравствена состојба се нарекува фетус во фетус или паразитски близнак. Според British Medical Journal, во медицинската литература се вкупно забележани помалку од 200 такви случаи.

„Тоа е дел од процесот на развој на фетусот кога шуплините во текот на развојот на детето се затвораат и еден од ембрионите влегува во тој простор. Фетусот делумно се развива одвнатре, но не живее и останува таму”, објаснуваат експертите.

Иако неразвиениот близнак не живее, тој го дели снабдувањето со крв со својот близнак и се вградува во телото. Може да остане неоткриен при раѓање, а и кога ќе се најде, се смета за тумор.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]