– Дали знаете што е Bugs Bunny?
– Ликот од цртаниот филм Душко Долгоушко.
– Не, тоа беше некогаш. Дали знаете што е Bugs Bunny денес, сега?
– Не!
– Ако имате тинејџер, тинејџерка, тик-токер во куќата, замолете го да ви објасни, да ви покаже.
Ах, тој нема да ви каже?
Еве, јас ќе ви кажам како Душко Долгоушко пропадна и со него, јас и ти и нашите деца заедно
Животот е предизвик. Секој ден е предизвик. Што би рекол просечен млад човек – callenge. Сега, некој многу креативен и пред се интелигентен, го искомбинирал Душко Долгоушко и предизвик и добил #bugsbunychallenge.
Тој смислил и песна во негова чест. И тој некој ги предизвика нашите девојчиња, ќерки, да легнат на стомак, да направат со стапалта зајачки уши на главата, и за да се покаже зајакот како вистински зајак, да ги подигнат високо своите две задни полутопки.
Ништо не ви е јасно? Верувајте, не ми беше ниту мене, но да ви поедноставам – на Интернет имам видено многу малолетни задници на „нашите“ ќерки. И се колнам дека не станува збор за порнографски страници. Тик Ток, Јутјуб, Инстаграм се преполни со #bugsbunny и голи задници на нашите деца. Обични деца, не јавни личности, ниту некојси пејачи таму, оние обични деца кои одат на училиште секој ден, се однесуваат убаво, велат добар ден, ви мавтаат на улица, но на Тик Ток мавтаат со задникот. Зајко!
Драги мои соборци по родителство, добро сте? Ја разбирам кризата, нема работа и доцни платата, а вие работите прекувремено… Сè ми е јасно, но каде се вашите ќерки? Што ги научивме? Дали е врв на женската слобода да мафта со задникот пред камера?
Разбирам дека срамот повеќе не е модерен. Ние, жените на 21 век, сме бесрамни и смели. Јас разбирам сè, но ве молам, да почнеме од почеток
Ако остана некоја нормална девојка на овој свет, сакам да ѝ го кажам следново:
– Дете, ти си многу повеќе од твоето тело. И не дозволувај тоа да биде единственото нешто што треба да го покажеш
– твојата вредност е во твојата емпатија, страниците што ги читаш, јазиците што ги зборуваш, а не во волуменот на задникот
– твоето тело е само твое, и не секој заслужува да го добие, ниту виртуелно ниту физички
– не се стопувај со масата по секоја цена. Твојата вредност е поголема ако си посебна, единствена
– СРАМОТ е позитивна емоција и сè додека го познаваш, ти си човечко суштество. Можеш свесно да го разграничиш она што е правилно од она што е погрешно
– вулгарноста никогаш не е навистина привлечна, само ја задоволува моменталната страст
– почитта привлекува почит, тргни од себеси
– и никогаш не биди зајак!
Текстот е од ТУКА.