Стомачните грчеви кај бебињата се нешто што едноставно треба да се преживее, ќе кажат повеќето родители кои го поминале тоа, а и стручњаците. Секако, некои бебиња немаат колики, а се немирни, а ако вашето бебе ги има, сигурно ќе барае начин на кој можете да му ги ублажите и олесните.
Многу мајки советуваат трик кој се нарекува уште и „волшебно држење на бебето“, односно, начин на кој го држиш бебето кој ќе го смири како со волшебно стапче.
Според книгата „Женската уметност на доењето“ (The Womanly Art of Breastfeeding) издадена од The La Leche League International, „волшебното држење на бебето“ е израз кој се користи кога станува збор за носење на бебето за смирување на колики. Ова се користи како техника за смирување на секое добро нахрането, но и немирно бебе“, напишале авторите.
Откако здружението го објавило овој трик на Фејсбук, една мајка напишала дека вакво држење на бебето помага и кога бебето има икавица.
Веројатно секоја мајка веќе и пробала вака да го држи своето бебе затоа што на тој начин му помага да подждригне.
Како да се држи бебето во положбата „мајмун на гранка“?
Најпрвин ставете го бебето со грб на своите гради, така за двајцата да гледате нанапред. Потоа ставете ја левата рака преку десното раме на бебето и фатете го неговото десно бедро со својата лева рака. Вашето бебе би требало да лежи на стомак на вашата лева подлактица со рацете секоја на својата страна. Вашата надлактица и рамото, кои сега ви се поблиски до градите, би требало сигурно да го придржуваат главчето на бебето и вратот.
Кога вака го држите бебето, десната рака ви е слободна, можете да ја ставите помеѓу нозете на бебето за дополнителна потпора или да му го масирате нежно грпчето полека лулајќи го.
Некои мајки вака го држат бебето за да им биде поблиску до градите, а некои го држат бебето малку подалеку од телото.
Но сите мајки кои го испробале ова, тврдат дека во истиот миг вака се смирува немирното бебе, дури и новороденчето.
Вреди да испробате!
Фото: Фејсбук