Знаете ли кој е еден од најчестите родителски стравови?

Покрај стравот од болести, стравот од погрешен избор на партнер на нивните деца, е еден од најчестите стравови на родителите

0
328

На оваа тема е потребно да се зборува со децата, но пред нивниот прв сериозен избор на партнер.

Луѓето се плашат од пожари, поплави и кражби, од незавршено училиште…но и од страв од погрешен избор на партнер на нивните деца, кој покрај стравот од болести, е еден од најчлестите родителски стравови.

„Ако е моето дете среќно, и јас сум среќен, ќе го поддржам неговиот избор…“ Но не е баш секогаш така. Среќата би требало да потрае, а со погрешен избор, таа е краткотрајна и со себе носи цел бран од тага подоцна. Кога нашето дете ќе одбере партнер, логично е семејството да го поддржи и да не се меша во изборот.

Колку и да им е понекогаш тешко на родителите да замижат на сите маани на момчето или девојката на нивното дете, често немаат избор, освен да се согласат со изборот на нивните деца. Ако се вмешаат, свесни се дека во таа мисија на „спасување“ најчесто како резултат имаме неуспех проследен со нарушени семејни односи. Сепак, богатото искуство на родителите често им помага да намирисаат сериозни проблеми во кои детето може да заглави со конкретниот партнер. И како во тој случај да се премолчи, да се одобри?

А од друга страна, колку вљубениот адолесцент ќе ги послуша родителските совети? Или пак ќе го идеализира паретнерот и иднината, туркајќи ги под тепих евентуалните предзнаци за идните проблеми?

Значи, разговоруте на оваа тема, мора да се почнат со децата на време.

Неусогласеноста во амбициите, во погледите на семејството, воспитувањето на децата, премногу различлни социјални потреби, почитување/непочитување на парите, нееднаква желба за патувања…сето тоа се потенцијални проблеми во врската.

За наведените и слични теми е потребно незадолжително да се зборува со децата, но пред нивниот прв сериозен избор на партнер.

Насилство, коцкање, дрога и алкохол се сепак најголемите закани за идната среќа.

Првенствено родителите би требало да ги прошират своите знаења за вербалното насилство, за дрогата и коцкањето, а потоа треба долго и често да се разговара со децата и да се анализира и да се разговара дали е на пример добро некој константно да ги контролира, да ги испрашува, да ги ограничува, условува, обвинува, понижува. Доколку и вие како родители стекнете во детето доволна доверба и го поддржите во неговото осамостојување, дали партнерот може да ја преземе контролата над нивниот избор и одлуките? Кон што води оттуѓувањето од пријателите и од семејството под притисок на партнерот? Како настанува љубомората и што е нејзината причина? Какви видови на насилство постојат? Како се однесува некој кој е на прагот на коцкарскиот живот? Како тоа да се провери?

Кога детето го знае сето тоа, не сме ја елиминирале можноста за погрешен избор, но барем сме го намалиле. Превенцијата секогаш била и ќе биде многу поделотворна – полесна од процесот на излегување од проблемот.

[better-ads type='banner' banner='999' ]