Знаете ли колку кофеин внесуваат вашите деца, иако не пијат кафе?

За дете, 100 мг кофеин на 1 кг телесна тежина претставува огромна опасност од труење. Повеќето родители, кога би ги прашале, би рекле дека ни во сон не би му дале на своето дете кофеин, но затоа без проблем му даваат чаеви, газирани сокови или чоколадо.

0
590

Кофеинот е присутен во многу билки, во околу 60 илјади растителни видови, а најголем процент кофеин содржат чајот, кафето и какаото во зрна.

Речиси 300 години лекарите и научниците го проучуваат влијанието на кофеинот врз човечкото здравје.

По консумацијата, на кофеинот му се потребни 5 до 30 минути за да почне да делува на мозокот и телото. Повеќе од 75 отсто новороденчиња доаѓаат на свет со траги од кофеин во крвта. За дете, 100 мг кофеин на 1 кг телесна тежина претставува огромна опасност од труење.

Повеќето родители, кога би ги прашале, би рекле дека ни во сон не би му дале на своето дете кофеин, но затоа без проблем му даваат чаеви, газирани сокови или чоколадо.

Една од ретките земји која има официјални препораки во однос на внесувањето на кофеин за децата е Канада. Во тие препораки се наведува дека претшколско дете не смее да земе со храна и пијалоци повеќе од 45 мг кофеин дневно. Тоа е количина која се наоѓа во една лименка газиран пијалок (355 мл) или 50 г млечно чоколадо.

Кофеинот како природен алкалоид може да се најде во лисјата и семето од многу билки, но исто така се произведува и како хемиска супстанција, па се додава во разни видови храна и пијалоци. Тоа е стимулативно средство и се дефинира како лек затоа што го стимулира централниот нервен систем, а делува и на другите органски системи.

Преголемото внесување на кофеин кај децата, како и кај возрасните лица, може да предизвика вознемиреност и нервоза, пречки во варењето и болка во стомакот, главоболка, тешкотии во концентрацијата и спиењето, забрзана работа на срцето и низа други симптоми. Тука треба да се нагласи дека не треба да се внесе многу кофеин за да се развијат наведените симптоми и дека е ризикот поголем колку што е детето помладо.

Родителите би требало да се свесни за потенцијалните опасности за сонот на детето и за општата здравствена состојба кои кофеинот може да ги поремети.

Децата кои консумираат пијалоци со кофеин се во поголема опасност да станат дебели, шеќерите од овие пијалоци можат да ги оштетат забите и се полни со нездрави нутриенти. Па дури и можат да создадат кај децаѕа и еден вид на зависности.

Најдете за децата поздрава алтернатива, намалете ги „чоколадните оброци“, а газираните пијалоци заменете ги со свежо цедени сокови.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]