Знаете ли како се менува мозокот кога станувате родители?

Ако неодамна сте добиле дете, можеби сте слушнале за „мајчин мозок“. Тоа е состојба која на жените им е сосема нормална, иако се понекогаш заборавливи, отсутни и емотивно чувствителни на сите деца, дури и на оние кои ќе ги видат во некоја ТВ реклама.

0
352

Гледањето филмови кои имаат врска со губење или повреда на дете за некои претставува силен емоционален удар и се чувствуваат како да гледаат хорор филм.

Се поставува прашањето дали е „мајчиниот мозок“ само изговор што го користите кога имате неред во главата или е тоа состојба која навистина влијае на вашите мозоци?

Оваа состојба може да се користи како изговор за грешките од време на време, но родителите навистина можат да го имаат тој синдром кој влијае на нивниот ум.

Неодамнешните истражувања покажуваат дека мозокот всушност се менува откако детето ќе се роди. Во мозокот доаѓа до промени за да се поттикне родителот да води грижа за своето дете.

Истражувачите од универзитетот во Барцелона дознале дека промените во структурата на мозокот останале најмалку две години. Важно е да се истакне дека тие промени биле посебно чувствителни на деловите од мозокот кои биле најактивни кога жените ги гледале сликите на своите бебиња.

Но, „мајчиниот мозок“ всушност настанува како резултат на фактот дека сте станале родители, а не се случува само во мозокот на новите мајки, туку постојат докази дека се погодени и татковците.

Имено, во една студија истражувачите го скенирале мозокот на мајките и татковците додека гледале видеозапис за себеси во интеракција со  бебињата. Откриле зголемена активност во оној дел од мозокот кој е одговорен за емоционална обработка.

Овие промени се гледаат и кај двајцата родители доколку се и двајцата ангажирани околу детето. Односно, колку е повеќе родителот ангажиран околу детето, толку се повидливи овие промени, па и кај татковците кои се поагажирани околу детето нивната активност на мозокот е послична на онаа кај мајките.

Промените во мозокот можат да бидат и добри и лоши, но сѐ уште не се објаснети сите позитивни и негативни влијанија. Потребни се натамошни истражувања за да се утврди што значат тие промени и како влијаат на однесувањето на татковците и мајките.

Важно е да се запомни дека ако имате „мозок на мајка“, не значи дека имате невролошки проблеми затоа што науката говори дела таа состојба е нормална и може да биде дури и корисна. Тоа е начин на кој вашето тело и ум се соочуваат со новите предизвици и одговорности и ви помагаат да станете добри и одговорни родители.

[better-ads type='banner' banner='999' ]