Знаете ли како изгледа анксиозноста?

Тоа што некој делува како да функционира совршено во животот, не значи дека не може да страда од некој проблем во врска со менталното здравје. Има такви кои вложуваат неверојатен напор во прикривањето на оваа состојба па нивните пријатели, колеги, а понекогаш дури и членовите на семејството, не забележуваат ништо.

0
494

Ако некој што го сакате страда од анксиозност, можеби ќе можете полесно да му помогнете ако знаете за што станува збор.

Анксиозноста не е само привремено чувство кое ве обзема кога имате некој тесен рок на работа или треба да пробате непто ново, со што се среќавате првпат во животот. Таа е присутна постојано и „излегува“ понекога дури и кога нема ниту најмала причина за вонезмиреност.

Тоа што некој делува како да функционира совршено во животот, не значи дека не може да страда од некој проблем во врска со менталното здравје. Има такви кои вложуваат неверојатен напор во прикривањето на оваа состојба па нивните пријатели, колеги, а понекогаш дури и членовите на семејството, не забележуваат ништо.

Еве неколку работи кои можат да ги разберат само луѓето кои страдаат од анксиозност, можеби ќе ви помогнат подобро да разберете некој што го сакате, а кој го има овој проблем, или пак може да ви помогне подобро да излезете на крај со таа состојба, ако и самите страдате од анксиозност.

Кога страдате од анксиозност

ситуацијата дополнително ја отежнува кога некој ќе ви каже да „престанете да се грижите толку“

Кога тоа би било можно, зарем не мислите дека секој кој страда од анксиозност тоа веќе не го направил? А ако кажете „не се грижи“, сѐ што ќе се случи е тоа што таа личност ќе се чувствува уште полошо. Што помага?

Сослушајте ја личноста која страда од анксиозност, не се обидувајте да го омаловажите тоа како се чувствува.

…„можеби“ е најлошиот збор на светот

Несигурноста и неизвесноста се најлош тригер, особено во денешно време кога сите прават некои незадолжителни планови и кога не можете да се потпрете речиси на никого. Што помага? Кога нешто ќе се договорите, држете се до плановите, и не го менувајте во последен момент договорот со лицето кое страда од анксиозност.

ве ужаснува тоа како луѓето со леснотија кажуваат дека имаат „напад на паника“.

Напад на паника е како….кога плачете и не можете да дишете и ништо никогаш нема да биде во ред, ништо никогаш не ни било во ред, и се чувствувате како да ќе умрете. Затоа немојте да спомнувате „напад на паника“ кога имате гужва на работа или кога доцните или кога треба да се видите со новото момче. Тоа не е исто.

се будите во пола ноќ и не можете да заспие, затоа што се завртело „тркалото“ на анксиозноста

Имате многу нешта да направите утре, и ќе бидете уморни затоа што тукушто сте се разбудиле среде ноќ, и помалку или повеќе сѐ сте упропастиле пред некој ден кога сте му кажале на шефот нешто што тој го пртолкувал којзнае како… Немојте на луѓето кои страдаат од анксиозност да им зборувате дека би требало „само да се наспијат“. Би спиеле тие, кога би можеле.

и ситници се доволни за да се појави тоа чувство

Празна батерија на телефонот, пропуштен автобус…Сето тоа е доволно да се разбуди чувството на вознемиреност и да трае и трае, толку што повеќе немате сила за ништо.

не можете да поднесете да доцните, или стасувате премногу рано.

Двете ситуации ве вознемируваат толку многу што е едноставно полесно никаде да не одите. Ако останете дома, на безбедно сте.

не можете да се поднесете ни себеси.

Ако се борите со проблеми, ако нешто ве тишти, ако имате чувство дека е сѐ изгубено…не сте осамени. Не сте виновни. Не сте слаби. Побарајте помош.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]