Злогласна хемикалија поврзана со аутизмот

Злогласниот пестицид Ди-Ди-Ти е означен како потенцијален предизвикувач на аутизам од страна на меѓународна група епидемиолози и психиjатри кои ги проучувале децата изложени на оваа хемикалија уште во матката.

0
732
„Ди-Ди-Ти се уште опстанува во животната средина и неговите траги можат да се детектираат во речиси секој од нас“, вели одговорниот за студијата, др Алан Браун.

Злогласниот пестицид е означен како потецијален предизвикувач на аутизам од страна на меѓународна група епидемиолози и психијатри, кои ги проучувале децата изложени на оваа хемикалија уште во матката.

Нивните наоди се објавени во списанието American Journal of Psychiatry и претставуваат прв доказ за поврзаноста на оваа хемикалија и се позачестеносто невролошко пореметување, изведен врз основа на присуството на Ди-Ди-Ти во телото на мајките.

Ди-Ди-Ти е првпат синтетизиран во 1874. година, но во широка употреба е воведен во 1939, кога е откриено неговото инсектицидно својство. Во текот на следните неколку децении, обилно е користен во запрашувањето на посевите, јавните простори и домаќинствата.

Меѓутоа, откако се открило дека оваа хемикалија е штетна и за луѓето и за животните, забранета е за употреба во САД во 1972.година, а во Европската унија во 1986. Дополнителните студии покажале дека Ди-Ди-Ти се акумулира во екосистемите, и може да доведе до репродуктивни проблеми и канцери ако се вдишува или ако се внесува преку храната и пијалоците.

Тимот на доктор Браун за оваа студија ја анализирал крвта на жените од повеќе од милион бремености во период од 1987. и 2005. година. Анализите покажале дека мајките со присуство на оваа хемикалија во крвта имале 32% поголеми шанси да родат дете со пореметување од аутистичниот спектар, а дури 121% поголеми шанси да родат дете со аутизам доколку нивото на хемикалијата во крвта преминало 75. перцентил.

Студијата се занимавал и со ризиците од изложувањето на полихлорирани бифенили, класи на индустриски хемикалии кои се забранети отприлика во исто време како и Ди-Ди-Ти, за што не е утврдена корелација со аутизмот.

[better-ads type='banner' banner='999' ]