На блогот MichaelandTonja најдовме едноставна и повеќе од здрава идеја која ќе им помогне на сите мајки чии деца не сакаат овошје. Ако им го послужите на овој начин, како сладолед, сигурно нема да го одбијат.
Сè што ви треба за овој сладолед е овошје по ваш избор (на блогот користеле киви и јагоди), сок од портокал, пластични чаши и стапчиња за сладолед.
Исечете го овошјето на парчиња со средна големина, наполнете ги пластичните чаши со парчињата, ставете дрвено стап за сладолед на средината такашто ќе стои исправено, истурете сок од портокал и ставете ги чашите во замрзнувач.
Идејата за овој сладолед е од ТУКА.