Здравите прехранбени навики се стекнуваат пред раѓањето

Најважно е да се почне на време: мајките кои сакаат нивното дете да јаде зеленчук без гримаси и убедување, би требало во текот на бременоста да се хранат разновидно и да не се обидуваат да го ескивираат зелениот зеленчук.

0
163

Децата ја развиваат сколоноста кон здравите намирници уште пред да се родат, бидејќи бебињата во стомакот го чувствуваат вкусот на храната која ја јаде мајката.

Повеќето родители мака мачат со децата кои наспроти убедувањата дека е тоа здраво и дека од спанаќ растат мускули, едноставно не сакаат да јадат зеленчук.

Научниците велат дека тоа се случува затоа што кога детето ќе наполни две, три години, убедувањата дека е зеленчукот супер, оди потешко. Затоа е важно мајките да се хранат разновидно во текот на бременоста.

Истражувањето кое неодамна било спроведено во Франција покажало дека бебињата чии мајки во бременоста јаделе темнозелен и лиснат зеленчук, пиперки, моркови, мешунки и прокељ, не правеле никаков проблем кога дошло време да ги јадат овие намирници.

Важно е да се напомене дека децата во периодот кога почнува да им се воведува цврста храна не се свесни за навиките на своите родители во исхраната затоа што се премногу мали, такашто научниците сметаат дека објаснувањето лежи во тоа што бебињата се навикнале на зеленчук уште пред да се родат..

Во текот на истражувањето, испитаничките биле поделени во три групи: првата група секој ден во текот на бременоста пиела сок од свежо цедени моркови, втора група жени пиеле сок секој ден во текот на периодот на доењето, а во третата група биле жени кои се замолени целосно да избегнуваат моркови.

Кога децата почнале да јадат цврста храна, добивале житарки со вода или со сок од моркови. Произлегло дека децата кои пред да се родат доаѓале во контакт со вкусот на морковите, преку амниотската течност или преку мајчиното млеко, со поголема сласт ги јаделе житарките со сок од моркови.

Научниците веруваат дека мирисите се пренесуваат низ плацентата и низ мајчиното млеко, такашто бебето се навикнува на храната многу пред да дојде време да им се воведе немлечна исхрана.

Затоа разновидната исхрана во текот на бременоста и доењето е надобар начин бебето да се запознае со што повеќе вкусови со кои ќе се среќава во текот на животот, пренесува Дејли мејл.

Фото: Elena Koycheva on Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]