Артур Поропат, професор по психологија на австралискиот Грифит универзитет го спровел најголемото истражување досега, кое се занимава со врската помеѓу академскиот успех и карактерот на личноста. Тој дознал дека особините на личноста на поединецот е подобар показател на академскиот успех од резултатите на тестот на интелигенција. Учениците кои ги краси совесност, отвореност и емотивна стабилност, имаат најголеми шанси за успех во училиштето.
„Совесноста се однесува на работи како самоконтрола, остварување на поставените цели, амбициозност“ – вели Порпорат. „Но пронајдов уште два фактори од големо значење за успехот во училиште – отвореност (за нови искуства и знаења) која подразбира фантазија, креативност и љубопитство и емотивна стабилност (можност за емотивно прилагодување и смиреност)“.
Учениците кои ги красат овие три особини поминале подобро на тестовите спроведени во рамките на истражувањето.
Дали тоа значи дека тестовите на интелигенција и не се толку значајни показатели како што мислевме? Тестовите на интелигенција секогаш биле тесно поврзани со образованието и оценките па со самото тоа донекаде можат да се користат како показател на идниот академски успех. „Тоа не е никаква новост“, вели Порпорат. Но влијанието на карактерот на учењето и успехот е вистинско изненадување за истражувачите во оваа област.
Но како наставниците ќе го мерат и усмеруваат карактерот на учениците: Секако, не можат да спроведат анкета за да дознаат колкава е совесноста или отвореноста кај нивните ученици.
Порпорат открил и дека учениците кои ги имаат наведените карактеристики кои наставниците не ги препознале, на неговите тестови подеднакво сигурно го покажуваат идниот академски успех како и тестовите на интелигенција. Но ако нивните наставници воочиле дека кај учениците постои високо ниво на отвореност, емотивна стабилност и совесност, тоа го усмерувале, кај тие ученици тестото на Порпорат покажал дури 4 пати поголема прецизност во предвидувањето на идниот академски успех.
Во пракса тоа значи дека наставниците би требало да се потрудат да ги препознаат учениците со овие карактеристики и на посебен начин да ги усмерат за тие да остварат полн потенцијал.
Ова е добра вест, како за родителите, така и за децата. Додека интелигенцијата е вродена и не може да се научи, карактерот може да се формира во текот на растењето и да се влијае на неговиот развој.