За секојa хемотерапија, ова девојче се облекува како една од Дизниевите принцези

Многумина го сфаќаат облекувањето здраво за готово, но за некои, изборот на одредена облека може да направи да се чувствуваат подобро. Одличен пример за ова е Лили Дуранте.

0
815

Лили Дуранте е петгодишно девојче кое боледува од глиома на оптичкиот пат, бавно растечки тумор на мозокот кој влијае на оптичките нерви, пренесува порталот BoredPanda.

Пред околу една година, Лили се разбудила и повеќе не гледала како претходно. Ѝ бил дијагностициран страбизам, попознат како аномалија врзана со положбата на очите, при што двете очи не се усмерени на истата точка. Додека едното око гледа право, другото бега на страна.

Потоа лекарите откриле дека има глиом на оптичкиот пат кој, ако не се лекува, може да доведе до губење на видот, па на девојчето му препишале хемотерапии.

Малечката Лили го поднесува сето тоа како вистински јунак и за секоја своја хемотерапија се облекува како принцезите на Дизни. Досега веќе била Снежана, Ариел и Пепелашка, а болничкиот персонал почнал да ја ословува со „ваше величество“.

Нејзината мајка Кортни Дуранте ги објавила на Фејсбук фотографиите од нејзиното одење на хемотераиите. Многумина биле воодушевени од храроста на Лили која станала вистинска инспирација затоа што блеска со позитивност и среќа секогаш кога е облечена како принцеза без оглед на сериозноста на ситуацијата.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]