Можете да ангажирате таканаречена дула или да одите на часови и предавања за трудници. Но, тоа не е единственото нешто што можете да го направите за да ги подобрите вашите шанси за полесно и пократко породување. Можете да почнете да ги применувате во последното тримесечје од бременоста.
Урми
Студијата објавена во списанието за акушерство и гинекологија ((Journal of Obstetrics and Gynaecology) покажала дека жените кои јаделе урми за време на бременоста имаат многу полесно породување од оние кои не ги консумирале. Нема да имаат потреба од лекови, а повеќето од нив се подобро отворени пред породувањето и се породуваат во просек 7 часа пократко. Се препорачува, во нормална бременост, да се консумираат 6 урми дневно.
Вежби и зајакнување на нозете
Вежбите се важни за секоја трудница и за полесно породување, поточно важно е трудницата да е физички поподготвена. Жените кои вежбале и пред и за време на бременоста обично имаат пократко породување. Вежбањето ја зголемува издржливоста и го олеснува поднесувањето на породувањето. Пешачете, пливајте или посетувајте часови/вежби за трудници (се разбира доколку вашиот лекар одобри).
Зајакнувањето на нозете е исто така важно во вежбите. Треба да стоите, бидејќи така ќе го забрзате доаѓањето на бебето кога ќе почнат вистинските контракции. Затоа ви требаат посилни нозе. Најважна вежба за тоа се лесни чучњеви, но со малку раширени нозе. Можете исто така да ја ставите топката на долниот дел на грбот и да застанете на ѕидот потпрени на топката. Спуштајте се полека со движење на топката, а потоа подигнете ја и исправете се. Повторете неколку пати.
Часови
Специјалните часови за трудници каде ве запознаваат со породувањето, но и со тоа што ве чека кога ќе дојде бебето, се пресудни за некои жени. Многумина тврдат дека тие им го олесниле породувањето. На овие часови често се организираат лесни вежби за трудници.
Повеќе сон
Задолжително е да се спие повеќе од 7 часа, особено во последниот месец од бременоста, бидејќи жените кои спиеле помалку од тоа, според статистичките податоци, имале подолго раѓање за 11 часа. (А тие жени мораа почесто да прават царски рез). Сместете се удобно, користете меки перници доколку е потребно, смирувачка музика или релаксирачки мириси на лаванда.
Лежење и дишење
Ако имате пренатални контракции, тогаш подобро е да пешачите ако можете, бидејќи гравитацијата ќе работи во ваша корист. Можете да стоите, да клекнете, па дури и да правите чучњеви (лесни, се разбира, и под надзор на експерт).
Една од многу важните работи е правилното дишење. Може да ви помогне да се фокусирате, да размислувате помалку за болката и да внесете повеќе кислород.
И не плашете се, секое породување поминува и секако вреди да се потрудите – вие го носите вашето бебе на свет.