За нарцисоидноста и мрзливоста на младите, виновни се родителите кои им аплаудирале за секоја глупост

Шефовите ширум светот се мачат со вработените од генерацијата наречена „милениумска“. Велат дека ги збунуваат претпоставените, сметаат дека заслужуват повеќе и со нив е тешко да се соработува

0
412

„Millenial“ односно „милениумска генерација“ претставува лице или цела генерација родени меѓу крајот на 70-тите и почетокот на двеилјадитите, односно лица кои моментално се на возраст од 15 до 40 години.
Шефовите ширум светот мака мачат со своите вработени од оваа генерација: велат дека ги збунуваат своите надредени, постојано сметаат дека заслужуваат повеќе и дека се нарцисоидни, мрзливи и тешки за соработка.

Промашени родителски стратегии

Според мотивацискиот говорник и автор, Симон Синек, ваквото однесување е резултат на промашени родителски стратегии. Тој во интервју за „Independent“ вели дека родителството, во комбинација со социјалните мрежи, работната средина и нетрпеливоста, создадоа генерација која е оптоварена со ниска самопочит.

Според 43-годишниот Синек, родителите на „милениумците“ дури сега сфаќаат дека нивните стратегии на воспитување се изјаловиле.

Постојано им зборувале на своите деца дека се посебни и дека можат да имаат сѐ што ќе посакаат во животот. Децата добивале медали за последно место, а ако не влезеле во најдобрите друштва и клубови, родителите приговарале. Тоа значи дека влегувањето во реалниот свет за нив бил шок, а сликите на децата за самите себе биле разбиени.
„Тоа беше време кога алчноста била добра работа, а родителите ги воспитуваа децата да бидат индивидуалци и да се ставаат себеси на прво место. Иако тоа добро звучи во теорија, родителите исто така, ги терале своите деца да имаат најдобри оценки и да се фокусираат на скалата на успехот и на заработувачката, што ги направило да бидат збунети“, вели Синек.

Стрес заради кариера

Синек истакнува дека познава „милениумци“ кои бараат унапредување, отворено признавајќи дека сакаат само титула, без зголемување на платата. Причината за тоа е потребата да го објават унапредувањето на „Фејсбук“ или „Линклдин“, за да покажат пред јавноста дека имаат успешна кариера.
Кога ќе видиме врсници кои добиле унапредување, автоматски се создава стрес дека кариерата не ни напредува со доволна брзина.
Другиот проблем со кој треба да се соочат е рамнотежа на здравиот живот и работата. Иако е ова во принцип правилно сфаќање на концептот на односот на животот и работата, се чини како да е сепак преувеличано и погрешно интерпретирано.
Синек смета дека се претерува во сфаќањето на овој концепт; додека постарите генерации се чувствувале приковани за работните маси, многу милениумци секој ден ја напуштаат работата точно во пет часот и одбиваат да примаат деловни повици или мејлови преку викенд. Ваквиот став е една од причините поради кои имаат репутација на нарцисоидност.

Честа нарцисоидност

Можеби истражувањата покажуваат дека „милениумската“ генерација има висока самодоверба, но со тоа често оди и нарцисоидноста и потребата за потврда на квалитетот која доаѓа од другите. „Извештаите за самодоверба и покажувањето колку некој има самодоверба, не се иста работа “, вели Синек.
Синек верува дека ниската самодоверба не е милениумска грешка, туку проблемот е во преголемата грижа за тоа што мислат другите: „Милениумците велат дека сакаат повратна информација за својата работа, но тие всушност сакаат пофалба и да им се каже дека добро работат. Кога ги критикувате, плачат или даваат оставка“.

Меѓутоа, не се виновни само родителите. Синек верува дека растењето во ера на социјалните мрежи носи голем дел од вината за константната потреба за пофалби и неспособноста за снаоѓање со критиките. „Бројот на лајкови и следбеници стана нова општествена валута, а единственото за што се грижат е нивниот изглед и имиџот на интернет.
Го наведува примерот со Денот на татковците: милениумците објавуваат фотографии со нив како деца со своите татковци на социјалните мрежи, иако нивните татковци воопшто не користат социјални мрежи. „Едноставно јавете им се на своите татковци“, вели Синек.

Нетрпелива генерација

Социјалните мрежи создадоа неверојатно нетрпелива генерација која сѐ сака веднаш. Што е уште полошо, милениумците никаде не се задржуваат доволно долго, ниту на работа, ниту во врска. Синек смета дека премногу милениумци му пристапуваат на барањето на работа како на потрага по богатство, скокајќи од една работа на друга, без да ѝ дадат вистина шанса на ниедна. Сепак, смета дека и денешното корпорациско опкружување во кое повеќе се грижат за бројките отколку за луѓето, не помага во создавањето на работни навики и уживање во извршувањето на долгорочна работа.
Младите луѓе сметаат дека не смеат да трошат време на работа, ако не работат на промена на светот. Оваа опсесија за создавање на впечаток кај светот, го загрижува Синек, особено поради тоа што милениумците често не знаат како да го направат тоа.

Менување на светот

„Апсолутно ги поздравувам милениумците и сите други кои сакаат да направат промени. Но, се плашам дека кога милениумците велат дека сакаат да го променат светот не знаат како да го постигнат тоа па користат премногу широки темрини кои не помагаат. Кога ќе сфатат што точно сакаат да работат и да променат, полесно ќе најдат работно место“.
Синек смета дека е многу важно да се зацврстува самодовербата преку помагање на другите затоа што компаниите и корпорациите се презафатени за да им помагаат.
Главната порака на Синек кон милениумците е дека мораат да градат врски. Градењето на здрави и силни врски со другите луѓе, носи чувство на среќа, успех и инспирација.
„Ние сме општествени животни, а врските се јадро на уживање, среќа и успех во животот.“

[better-ads type='banner' banner='999' ]