За можење можам, но дали смеам

На 13.мај на Саемот на книгата ќе биде промовирана втората книга на Ивица Маринковиќ, попознат како Ивце Пивце

0
167

Во рамките на 31.издание на Саемот на книгата, на 13.мај во 12 часот ќе биде промовирана втората книга на Ивица Маринковиќ (Ивце Пивце). Насловот на неговата нова книга, вели Ивце, произлегол од долгогодишното дружење со децата.

Од нивниот поглед, однесување и почит кон нас – возрасните!

„Децата можат сѐ…навистина сѐ! Но, заради нас возрасните, полно работи не смеат!

Ако ние сме паднале и сме се отепале, не значи дека тие нема да се истопорат и да победат!!!

Ако нас жедни преку вода нѐ пренеле, не значи  дека тие нема цел свет да го нахранат и напојат!!!

Светот да го успокојат!

Затоа да ги оставиме малку…

…малку повеќе да им веруваме…

…да ги оставиме да нѐ воодушеват…

…да уживаме во нивното друштво, додека сѐ уште нѐ дружат… “, порачува Ивце во воведот на својата нова книга.

[better-ads type='banner' banner='999' ]