За една недела требаше да родам девојче, умре во 39.недела

Ова е потресна приказна за една мајка која родила мртвородено дете во 39.недела од бременоста.

0
3231

Минатото лето, една недела пред договорениот царски рез, Кристин Нејлор отишла на рутиснки преглед кај гинекологот. За жал, ѝ кажале дека нејзиното бебе нема срцеви отчукувања. Неколку часови подоцна Нејлор ја родила мртвородената Ејби. Неколку месеци пред породувањето, Нејлор ја контактирала фотографката Мег Брок за да резервира термин за семејно фотографирање кога ќе се роди малата Ејби. Брок се согласила и редовно ја следела бременоста на Нејлор на Инстаграм. Како што се приближувал терминот, така нејзиниот профил бил исполнет со фотографии од розеви фустанчиња. Но кон крајот на јули наместо фотографија со своето бебенце, ставила фотографија на која сонцето се пробива низ облаци.

Во 39.недела Ејби била мртвородена. Набрзо по нејзиното раѓање, Кристин објавила фотографија на која ја држи Ејби. Таа продолжила да пишува за својата тага, а најпосле Брок ја исконтактирала и ја прашала дали е можеби заинтересирана за фотографирање во спомен на Ејби. Кристин и нејзиниот сопруг имаат две момчиња од 4 и 2 ипол години. Не се обидувале да добијат девојче – но кога дознале дека е бремена и дека носи девојче биле пресреќни и возбудени.

Имав прилично уредна бременост, иако спаѓав во ризична група затоа што наполнив 40 години додека бев бремена со Ејби, а нашето прво дете беше недоносено. Роден е во 31.недела поради прееклампсија. Такашто бев внимателно следена, но немаше ништо што би ги загрижило нашите лекари.

Во 38.недела измерив притисок и беше многу висок. Ја побарав медицинската сестра и таа ни рече да дојдеме во болница. Не следеа мене и бебето неколку часа, а мојот крвен притисок не беше премногу висок. Не беа загрижени, па ми дадоа неколку инфузии и ме испратија дома. Тоа е една од работите кои цело време ме измачуваат.

Една недела подоцна, отидов на она што требаше да биде мојот последен преглед пред планираниот царски рез.

Требаше само да ја измерам тежината, притисокот, да се проверат отчукувањата на срцето и да се видиме за недела дена. Бев кај докторот кој го немав долго видено, а со него беше и студент по медицина. Се обиде да ги слушне отчукувањата, но не успеа.
Во себе си реков: „Тој е само студент по медицина“. Потоа презеде лекарот и гледаше и гледаше и гледаше. На крајот рече: „Жал ми е. Нема отчукувања на срцето“. Морав да му се јавам на сопругот и да му кажам. Се најдовме во болница. Моравме да чекаме додека да подготват сė за царски рез. Бев во шок. Понекогаш мислам дека сум сė уште во шок. Чувствувам како да раскажувам туѓа приказна.

Знаев дека сакам да ја видам и знаев дека сакам да ја задржам и да бидам со неа колку што е можно повеќе, но сė уште бев нервозна. Откако се роди, мојот сопруг и Ејби чекаа да дојдам од операционата сала во собата за опоравување. Го прашав: „Како изгледа таа?“ Се сеќавам на една медицинска сестра која ми кажа дека можам да замолам некого да ми ја опише ако не се чувствувам добро за да ја видам. Ми рече само: „Убава е“. Беше совршена и убава. Кога ја видов беше уште потешко затоа што сė на неа беше совршено.

Лекарите рекоа дека во 50 отсто од случаите нема објаснување и мислам дека бевме среќни што го знаеме барем тоа. Но за тоа како умре, немавме никакво предупредување. Мислевме дека ќе имаме совршено здраво девојче за само 4 дена.

Кога Мег дојде на идеја да направи некои фотографии, се согласив затоа што сакам да се обидам да ја разбијам стигмата за родителите на мртвородени деца. Сакав да покажам како е да се биде во тага кога ќе ти умре детето. Не сакав да изгледа како да сакам некој да ме сожалува. Одлучив да тагувам транспарентно, отворено.

Постојат толку многу заблуди за мртвораѓањето. Една од работите за кои сега многу размислувам е дека мртвороденоста е 10 пати почеста од синдромот на ненадејна доенечка смрт, но мислам дека никој не го знае тоа.

Постојат толку многу дупки во системот. Мислам дека постои тоа чувство дека кога ќе се случи мртвороденче, дека е тоа некако неизбежно – а тоа едноставно не е случај.

Исто така, мислам дека нашата култура ја има таа идеја дека смртта не е толку поразителна затоа што детето сė уште не е родено. Го тврдам токму спротивното.

Фото: Фејсбук/Meg Brock Photography

[better-ads type='banner' banner='999' ]