За да бидете сигурни дека бебето не сака некоја намирница, треба да му ја понудите повеќе пати

Родителите едвај чекаат нивното бебе да дојде до фазата на воведување на цврста храна, но за повеќето, тогаш започнуваат проблеми за кои е потребно многу трпеливост, но и знаење и вештини.

0
206

Хранењето на бебето не значи само задоволување на потребата за јадење. Со хранењето се остварува близок контакт и може многу да се научи. За да може хранењето да биде вистинска радост, важно е да знаете некои правила и да ги почитувате.

На пример, се советува родителите да го најават хранењето на бебето со пријатен и смирувачки тон. Исто така, како исклучително важно се нагласува дека треба целосно да се посветите на хранењето на бебето и да заборавите на сите други обврски.

Заземете удобна позиција и бидете на ниво на бебето. Насмевнете се и изговорете ги зборовите што ќе ја придружуваат активноста: сега ќе јадеш, њам, њам, ова ќе ти се допадне, вкусно е, ќе јадеш морковче…

Начинот на хранење при воведување на немлечна храна е многу важен за подоцнежниот став на бебето кон хранењето и храната.

Запознавањето на вашето бебе со храната е одлична сензорна вежба.
Бебето треба да биде правилно поставено. Никогаш не го хранете во лежечка положба. Ако вашето бебе седи, препорачливо е да користите столче со потпирач за нозете. Ова ќе обезбеди позиција од 90 степени, кадешто торзото и главата се во совршена рамнина. Ако сметате дека е рано вашето бебе да биде во столче, нахранете го држејќи го во раце, но со лицето свртено кон вас. Во оваа позиција, ќе можете да ја следите реакцијата на бебето, но и да ја обезбедите посакуваната стимулација.

Обрнете внимание на текстурата на храната. Обидете се што е можно пократко да му ја блендирате храната. Давајте му на вашето бебе меко варена и / или лесно испасирана храна. Оваа текстура на храна не може да ја повреди, но сепак ќе создаде помалку напор, што ќе го стимулира џвакањето. Исто така, на овој начин тие ќе можат да почувствуваат различни вкусови.

На бебињата треба да им се дозволи да се запознаат со вкусовите. Затоа, ве советуваме да се обидете да понудите што повеќе намирници индивидуално од самиот почеток на воведувањето на цврста храна, наместо да мешате по неколку намирници.

Почитувајте ако бебето упорно одбива некоја храна.
Кога ќе измешате цвекло со моркови и компири, преовладува сладок вкус. Значи, кога подоцна ќе го понудите одделно, тоа ќе има сосема поинакво искуство и можно е отфрлање. Употребата на сол не се препорачува барем до една година. Нутриционистите советуваат употреба на природни зачини како цимет, анасон, ким.

Во одредена комбинација, тие ја подобруваат аромата на храната, но исто така имаат корисен ефект врз грчевите и цревната конгестија, што може да се појават како последица на преминот од млечна на немлечна исхрана.

Хранењето е заедничка семејна активност, па затоа се обидувате да јадете заедно на маса, но сепак треба да го следите ритамот на бебето и знаците што ви ги покажува.

Хранењето треба да биде пријатно, а за бебињата забавно.
Почитувајте го вртењето на главата како ‘не’ на вашето бебе. Не е важно тој секогаш да јаде иста количина затоа што некои комбинации се покалорични од другите и затоа побрзо се заситува. Кога ќе започнете да воведувате немлечен оброк, следете го ритамот на бебето. Се вклопуваме во временската рамка што тоа ја диктира, не смее да биде малку, но не смее да биде ниту премногу гладно, и во двата случаи ризикуваме неуспех. Во вообичаениот термин за јадење заменете го млечниот оброк со немлечен. Ве советуваме да започнете од ужината, бидејќи тоа се периодите кога бебето е главно будно, а пред тоа имало сигурен млечен оброк.

Хранењето е можност за развој на говорот. Ова е навистина идеална можност да развиете говор и да изградите соодветен контакт што ќе го користите подоцна во други активности.

Разговарајте со вашето бебе додека го храните и објаснувајте му. Не користете цртани филмови и играчки за да го заинтересирате вашето бебе за јадењето. Вие сте оние кои му се најинтересни. Направето го хранењето интересно со тоа што ќе стане асоцијација за заеднички моменти. Кога целото внимание ќе биде насочено само кон него.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]