Персоналот на болницата Paolo Hospital Samutprakarn се надева дека таквата заштита на мајките им обезбедува душевен мир во однос на безбедноста на нивните бебиња, пренесува БиБиСи Тајланд.
„Преземаме дополнителни мерки за заштита на малечките“, објасниле од болницата и објавиле фотографии од неколку новороденчиња со визири преку лице.
Иако визирите ги штитат бебињата од капките кои можат да се пренесат со кашлање и кивање, бебињата би требало да ги носат само кога е тоа неопходно, на пример, кога родителите ги превезуваат од болница дома, затоа што во спротивно стануваат нехигиенски.
Вработените во болницата напоменуваат дека им ги ставаат визирите на бебињата кога ги отпуштаат од болница со мајките за да бидат заштитени и безбедни во текот на патувањето до дома.
Фото: Фејсбук