„Постоечките докази кои одат во прилог на затворањето на училиштата во прилог на борбата против ковид-19 се многу слаби“, се вели во изјавата на научниците од UCL (Универзитетскиот колеџ во Лондон).
„Од претходните студии знаеме дека затворањето на училиштата има најдобро влијание на вируси кои не се високо заразни и кои почесто ги напаѓаат децата. Тоа е спротивно на „ковид-19 “, цели еден од истражувачите Расел Винер.
Моделираните студии на „ковид-19“ предвиделе дека затварањето на училиштата ќе се превенираат само два до четири проценти од смртните случаи, „многу помалку отколку со другите мерки на социјално дистанцирање“, велат научниците.
„Но, затворањето на училиштата може да има длабоки економски и социјални последици“, напишале тие во написот објавен во списанието The Lancet Child and Adolescent Health.
Носителите на одлуки треба да бидат свесни дека кога ја разгледуваат можноста за затворање на училиштата заради „ковид-19“, треба особено да го имаат предвид влијанието што тоа ќе го има врз децата, особено оние со пречки во развојот.
Милиони деца ширум светот се опфатени со затворањето на училиштата како една од мерките за борба против новиот коронавирус.
За да го анализираат неговото потенцијално влијание, научниците од UCL проучиле 16 постојни студии, вклучувајќи девет за затворање училишта за време на епидемијата на САРС, респираторно заболување предизвикано од вирус сличен на овој што го предизвикува ковид-19.
Податоците од Кина, Хонг Конг и Сингапур сугерираат дека затворањето на училиштата „не придонело за контролирање на епидемијата“, напишале во студиското резиме.
Експертите кои не биле вклучени велат дека истражувањето и резултатите го потврдуваат она во што многумина се сомневале. Придобивките од затворањето на училиштата кога станува збор за јавното здравје не е пропорционална на социјалните и економските последици за децата и родителите кои се опфатени со оваа мерка.
„Овој труд посочува дека училиштата би требало и би морало да почнат да се отвараат веднаш штом ќе заврши првиот бран на болеста“, коментирал Роберт Дингвол, професор по социологија на Универзитетот Трент.
Фото: Pexels