Заработува од продажба на сопственото млеко, а произведува и до 7 литри на ден

Американката Елизабет Андерсон – Сиера, смета дека со сопственото млеко, покрај своите две ќерки, нахранила и околу 250 други бебиња, а млекото им го продава и на билдери. 30 милилитри ги наплаќа по еден долар.

0
454

Триесет и едногодишната Елизабет Андерсон – Сиера од Портланд во САД, покрај своите две ќерки смета дека со сопственото млеко нахранила и околу 250 други бебиња. Млекото го дава или го продава преку Фејсбук страница, а 30 милилитри ги наплаќа еден долар.

Елизабет тврди дека е неофицијален светски рекордер по број на донации. Гинисовиот рекорд е соборен лани со 1502 литри, но оваа 31.годишна жена тврди дека таа досега донирала околу 6 илјади литри.

Андерсен-Сиера има синдром на хиперлактација заради кој е во состојба да произведе речиси 7 литри млеко дневно, што е осум пати повеќе од просекот.

Жените кои го имаат тој проблем, како да немаат прекинувач. Млекото само надоаѓа“, рекла Линда Дахл, експертка за доење.

Продажбата и приватното донирање на мајчино млеко се главно нерегулирани, но доилката е таа која е одговорна ако нејзините донации предизвикаат било каква штета или болест.

Не сакам да остварам заработка. Луѓето мислат дека го правам тоа исклучиво поради пари, но не е така. Парите само ми помагаат во одржувањето на она што го правам“, рекла Елизабет.

Секојдневно добивам чудни барања. Им продавам млеко и на бодибилдери затоа што тие велат дека млекото им помага за изградба на мускулната маса. Секогаш ми е задоволство да им помагам на другите колку што е можно“, заклучила таа.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]