На социјалните мрежи стана хит математичката задача за учениците во основно училите во Кина. Видеото го објавил Јутјуб каналот MindYourDecisions.
Во задачата се бара да се пресмета висината на масата ако растојанието од главата на желката која се наоѓа под масата до главата на мачката на масата изнесува 170 цм, а растојанието од главата на мачката која се наоѓа под масата до главата на желката на масата изнесува 130 цм.
Авторот на видео клипот објаснува дека постојат два начини за решавање на задачата. Првиот начин е да се состави равенка и потоа да се „скратат“ мачките и желките. Втор начин е да се „стави маса на маса а потоа животните повторно да се „скратат“. Така ќе се добие висина од 150 цм.
Видеото го прегледале над 500.000 луѓе.