Добро е позната врската помеѓу загадувањето и респираторните болести – воспаление на белите дробови, бронхитис и астма.
Меѓутоа, научниците утврдиле дека микроскопски ситните честички на чадот од белите дробови преоѓаат во крвотокот и стасуваат до мозокот, кадешто предизвикуваат воспалителни процеси, што доведува до невродегенерација, намалени когнитивни способности и зголемен ризик од деменција.
Она што е особено загрижувачко е тоа што загадувањето може да ја забрза неуродегенерацијата во периодот на интензивен развој на мозокот, во текот на детството.
Проучувајќи ги случаите на ненадејна смрт на деца и возрасни во Мексико Сити, еден од најзагадените градови на светот, научниците утврдиле дека во мозокот на починатите ултраситни честички од чад предизвикале воспалителни процеси кои довеле до дегенеративни промени и смрт.
Потоа научниците ги тестирале децата од овој град, со намера да утврдат дали кај нив постојат знаци на прерано опаѓање на когнитивните способности. Откриле дека загадувањето навистина ги намалува нивните когнитивни спсообности, делувајќи на региите во мозокот задолжени за повисоки мисловни функции, јазик и говор.
Невролошките испитувања покажале дека најмногу штета трпи белата маса во мозокот, што влијае на брзината на размената на импулси помеѓу деловите на мозокот. Неуроинфламацијата кај овие деца била значително поголема отколку што е нормално.
Следувале истражувања и во други големи и загадени градови ширум светот, и резултатите се повторуваат – мозоците на милиони деца се оштетени како последица од загадувањето.
Алцхајмеровата болест и други дегенеративни болести кои водат во деменција во голема мерка се предизвикани со загадувањето и се помеѓу 10 главни предизвикувачи на смрт во светот, па решавањето на проблемот со загадувањето е еден од горливите проблеми на јавното здравје, предупредуваат научниците.
Фото: Pixabey