Животот со деца можеби може да ве заштити од инфекција со коронавирус

Ако имате деца во вашиот дом, можеби сте позаштитени од зараза со коронавирус, велат експертите.

0
204

Децата обично во градинка и во училиште ја добиваат секоја настинка, но новата студија на британската Национална и здравствена служба (NHS) открива дека возрасните со деца под 11 години имаат помал ризик од инфекција со коронавирус. Тие, исто така, се со помала веројатност да бидат хоспитализирани за ковид-19.

Студијата сè уште не е рецензирана, а објавена е од medRxiv. За целите на нејзината изработка, проучени се податоците на повеќе од 300 илјади вработени во NHS во Шкотска.

„Ризикот од хоспитализација поради ковид-19 беше помал кај оние со едно дете, па дури и помал кај семејства со две или повеќе деца“, велат експертите кои работеле на студијата.

Тие тврдат дека „децата се релативно заштитени од новата инфекција со коронавирус“, но сè уште не е јасно зошто е тоа така.

Исто така, било откриено дека домаќинствата со деца постари од 12 години не го намалиле ризикот од зараза во споредба со домовите без деца.

„Откриено е дека возраста и другите болести, како што се дијабетес и бубрежни заболувања, играат голема улога во тоа колку сериозно се разболува лице заразено со коронавирус. Возрасните со деца имаат поголема веројатност да работат од дома или скратено затоа што се грижат за децата, што може да ја ограничи нивната изложеност на ковид-19“, коментира научникот Грејс Робертс од Универзитетот Квинс во Белфаст.

Просечната возраст на луѓето кои починале од инфекција со коронавирус била 82,4 години.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]