Жените се шминкаат во рок од 2 ипол часа по породувањето

Според резултатите на едно истражување, просечна жена се шминка во рок од два ипол часа после породувањето, а три третини од испитаничките признале дека ја објавиле веста за раѓањето на детето на социјалните мрежи во просек, 3 часа откако бебето стасало на свет. Какво е вашето искуство?

0
449

Кејт Мидлтон неколку часа по раѓањето на своите деца се појави на скалите пред болницата со широка насмевка на лицето, внимателно облечена, нашминкана и со фризура, заради што многумина ја критикуваа затоа што сметаат дека на тој начин промовира нереални стандарди на убавина. Меѓутоа, таа не е единствената која го прави тоа. Според едно истражување, просечна жена се шминка во рок од два ипол часа после породувањето

Исто така, како што наведува Cosmetify, 64 отсто од жените на возраст од 8 до 31 година ќе се средат за одење во болница. 65 отсто од нив ќе ги отстранат влакната, 57 отсто ќе направат маникир, 43 отсто педикир, 37 отсто ќе нанесат спреј за самопотемнување, 32 отсто ќе се исфенираат, ќе се ишишаат или ќе направат фризура.

Кога учесниците биле прашани зошто се грижат за изгледот после породувањето, главната причина поради која сакаат да изгледаат добро на фотографиите (31 отсто), сакаат да остават добар впечаток на посетителите (26 отсто) или за да избегнат болен, истоштен и уморен изглед (22 отсто).

Повеќе од половината од 2000 испитани Британки кои ја пополниле анкетата сметаат дека жените се под притисок дека мораат да изгледаат добро после породувањето, а како најголеми виновници ги навеле социјалните мрежи (24 отсто), своите родители (20 отсто) и пријателите (17 отсто).

Три третини од испитаничките признале дека ја објавиле веста за раѓањето на детето на социјалните мрежи уште истиот ден, во просек од три часа откако бебето стасало на свет.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]