Жените по менопауза треба да внесуваат повеќе калиум за да ја намалат можноста за мозочен удар

Жените во менопауза треба да консумираат многу повеќе калиум преку својата исхрана отколку во претходните години. Откриваме зошто е тоа така и која храна е особено богата со калиум.

0
325

Калиумот е минерал кој е многу познат по намалувањето на високиот крвен притисок, а најновото истражување покажало дека со внесување калиум, жените после менопаузата го намалуваат ризикот од можен мозочен удар.

Една студија која е пишувана во текот на цели 11 години, во која се следи здравјето на повеќе од 90.000 жени кои поминале менопауза на возраст меѓу 50-79 години, покажала дека жените кои внесувале повеќе калиум имале 12 проценти помали шанси да доживеат мозочен удар. Сите овие жени биле целосно безбедни пред почетокот на студијата и не биле изложени на ризик од мозочен удар и секоја од нив внесувала калиум исклучиво преку храна, а не преку суплементи.

Калиумот е витална компонента на клеточните функции и влијае на подобар проток на крв низ критичните подрачја во организмот.

За жал, според статистичките податоци, ние внесуваме многу помалку калиум отколку што е препорачано од Светската здравствена организација. Препорачаната дневна доза на калиум е 4.700 милиграми на ден, а поголемиот дел од популацијата страда од недостаток на калиум, минерал од големо значење за зајакнување на коските и мускулите, го штити здравјето на срцето и нè штити од мозочен удар.

Добрата вест е дека препорачаните дневни дози на калиум воопшто не е тешко да се внесат преку храната, а ние ви ги донесуваме точните бројки и намирници.

Храна што содржи калиум

Еден компир 1081 мг.
Половина чаша варен бел грав 885 мг.
Половина чаша суви кајсии 755 мг.
Една четвртина чаша доматно пире 594 мг.
Една чаша суров сок од морков 689 мг

Покрај калиум, доколку јадете почесто од овие намирници, ќе внесете и многу други минерали и витамини, ќе го зајакнете имунитетот, ќе го подобрите варењето, здравјето на срцето и ќе го подигнете нивото на енергија.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]