Жените почнуваат да стануваат како своите мајки од 33 години

Сите ветивме дека ќе бидеме кул мајки, нели? Ние нема да им одредиме на нашите деца полициски час, би им дозволиле да имаат телефон дури и кога се веројатно премлади за тоа, би им дозволиле да остануваат до доцна и да носат што сакаат и генерално, едноставно, нема да бидеме како нашите здодевни родители! Но, потоа станавме родители.

0
299

Кога сме млади, еден од нашите најголеми стравови е дека ќе станеме како нашите мајки. Знаете на што мислиме, нели? Не дека не ги сакаме нашите мајки, тие се најдобри! Но, кога си млад, навистина не можеш да сфатиш дека би можел да станеш како некој … стар.

Плус, сите ветивме дека ќе бидеме кул мајки, нели? Ние нема да им одредиме на нашите деца полициски час, би им дозволиле да имаат телефон дури и кога се веројатно премлади за тоа, би им дозволиле да остануваат до доцна и да носат што сакаат и генерално, едноставно, нема да бидеме како нашите здодевни родители! Но, потоа станавме родители. И сфативме дека нашите мајки можеби и биле во право. Тоа е неизбежно – сите ние се претвораме во нашата мајка во одреден момент. Но, кога точно ќе почне да се случува тоа? Излегува дека 33 е волшебната возраст!

Според новото истражување во Велика Британија, жените почнуваат да се претвораат во нивните мајки во првите неколку години откако и самите ќе станат мајки. Тие почнуваат да го развиваат истиот став и вкус и веројатно почнуваат да стануваат помалку забавни (Се шегуваме!). Во Обединетото Кралство, просечната возраст на која жената го добива првото дете е 30,5. Па неколку години подоцна, околу 33 години, таа почнува полека да се менува во една личност каква што се заколна дека никогаш нема да стане.

Нема повеќе да се бунтуваме против нашите мајки – наместо тоа, почнуваме да го прифаќаме нивниот стил на живеење, родителските стилови, а можеби и нивните манири! Ги користиме истите зборови, ги гледаме истите ТВ-емисии, и ги прифаќаме истите активности како хоби.

Признај: ја користиш сличната фраза со твоите деца што ја слушаше од твојата мајка и се заколна дека никогаш нема да ја користиш со своите деца.

Д-р Џулијан де Силва, хирург кој го составил истражувањето, анкетирал 2.000 мажи и жени. Учесниците одговориле на серија прашања за да одредат кога почнале да се трансформираат во своите родители. Д-р Де Силва вели дека учесниците почувствувале дека почнале да се претвораат во нивните родители кога почнале да личат на нив.

Точно! Сетете се дека мислевте дека мајка ви може да се облекува малку повеќе стилски? Ние едноставно не сфаќавме колку е удобно во патики, хеланки, и со косата врзана во опавче.

Всушност, не ни пречи што се преобразуваме во нашите мајки. Тие направија неверојатна работа, а сега знаеме колку тешко работеле секој ден од нашите животи. Да се биде мајка не е шега, а нашите мајки се оние кои го поставија примерот за нас.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]