Жените кои пијат и пушат во бременоста се стигматизирани, па го прават тоа меѓу 4 ѕида

Стигмата околу пушењето цигари и пиењето алкохол за време на бременоста ги наведува трудните да го прават тоа далеку од очите на јавноста, вели истражувањето спроведено на Универзитетот во Кардиф.

0
318

Научниците откриле дека негативните реакции на пушењето цигари и консумирањето на алкохол, трудниците го сметаат за иритантно и поради нив се оттуѓуваат.

Според неодамна собраните податоци, повеќе од петина од жените во Велс пушеле во периодот кога дознале дека се бремени.

Исто така, жените кои биле вклучени во ова истражување, а кои пушеле цигари, откриле дека имале непријатни искуства со бабиците кои им давале совети за здравјето со „обвинувачки тон“ заради што е помалку веројатно да бараат совет поддршка. Некои од нив поради пушењето биле негативно гледани и од страна на партнерите.

„Моралните осуди усмерени кон идните мајки се однесуваат главно на тоа како се однесуваат трудниците кога станува збор за здравјето, а на удар на критика се нашле особено мајките-припаднички на работничката класа“, вели д-р Ејми Грант од Центарот за истражување на Универзитетот во Кардиф и додала дека истражувањето покажало дека коментарите на другите мајки ги сметаат за иритантни заради што е помала веројатниста дека ќе побараат помош.

„Никој не сака да го осудуваат и да се срами“, додала д-р Грант.

Инаку, на жените им се советува да не пушат во бременоста затоа што хемикалиите во цигарите му штетат на новороденчето и го ограничуваат неговото снабдување со кислород.

Лекарите препорачуваат жените кои се бремени или планираат да забременат да не консумираат алкохол за да се сведе на минимум ризикот за бебето.

„Пиењето за време на бременоста може да доведе до долготрајна штета за детето, а колку повеќе пиете, толку е ризикот поголем“, се наведува на страницата на Националната здравствена служба на Велика Британија.

Кралскиот колеџ на опстетичари и гинеколози истакнуваат дека не постои безбедна количина алкохол кој е дозволено да се консумира во бременоста.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]