„Уште како дете, се за вљубив во кукли и сакав да бидат малку пореални“, вели денес 49-годишната Гибс.
За да наслика една кукла ѝ требаат четири недели, а на почетокот ги правела исклучиво за членови на семејството и за пријателите. Денес, го учи целиот свет како се насликаат силиконски кукли.
„Сакам да ја направам секоја кукла подобра од претходната. Кога правам онлајн курсеви, ми требаат пет дена за една кукла, но во просек работам една до две месечно. Не работам по нарачка, туку го продавам тоа што ќе го завршам. Некои кукли се поскапи од другите, зависно од цената на куклата што сум ја купила и квалитетот на материјалот со кој работам“, објаснила таа за Дејли меил.
Вели дека секојдневно добива голем број барања, на кои понекогаш не успева да одговори. Повеќето од купените кукли завршуваат како терапевтска алатка во различни институции.
„Некои се користат од мајки кои ги изгубиле своите деца или имале спонтан абортус. На други им се колекционерски примероци“, вели таа.
Повеќето од купувачите се мајки на возраст од 30 до 40 години од Америка.
Фото: Фејсбук