Експертите ги издвоија трите најчести причини за конфликти меѓу родители и адолесценти. Еве кои се тие и како да се справите со нив.
1. „Не е фер“
Сигурно многу пати сте ги слушнале овие веќе познати зборови од вашиот тинејџер: „не е фер“. Ако постариот брат остане доцна надвор, ако не смеат да пијат газирани пијалоци или да добијат ултра-скап нов телефон, тинејџерите генерално го карактеризираат ова како голема неправда.
Она што сакаат да го кажат е дека тие не се доволно посебни или важни и дека се чувствуваат така. Ако вашиот тинејџер често расправа за правда, многу е веројатно да чувствува дека не го слушате и дека не се грижите за неговите потреби. Се разбира, ова не е точно во повеќето случаи.
Ако вашето дете ви каже дека не е фер затоа што нема да му купите нова, скапа маичка, прашајте го зошто мисли дека е така. Одговорите што веројатно ќе ги добиете се „затоа што го заслужив тоа“ или „ти си купуваш нешто постојано“. Пред да започнете да викате, објаснете му на вашето дете зошто треба да заштедите пари или најдете компромисно решение, на тој начин кавгата ќе престане.
2. Сакам да се однесувате кон мене како со возрасен
Во повеќето случаи, секогаш кога не му дозволувате на вашиот тинејџер да остане надвор доцна или да оди некаде со пријателите, тој ќе ве обвини дека се однесувате кон него како да е мало дете.
Во такви случаи, многу е важно родителите да им објаснат на децата кои се вистинските причини за донесување на оваа одлука, забранувајќи нешто што го налутило тинејџерот. Бидете сигурни дека вашето дете ги разбира причините за вашиот избор. Еден од добрите начини вашите тинејџери помалку да се вознемируваат околу прашањето на зрелоста во одредени ситуации е да направите да се чувствуваат како возрасни, а сепак да ги почитуваат вашите ограничувања. Ако не сакате вашето дете да оди на одмор со другарите, кажете му дека сакате да го поминете семејното време со него, но дека сте свесни за неговото растење и наместо седумдневен одмор, предложете викенд патување со другарите.
3. Ние сме различни луѓе
Овие расправии обично се случуваат кога родителите сакаат детето да посетува некои активности што нему не му се ниту малку интересни, кога не се задоволни од оценките или кога детето не сака да си ја среди собата. Во тој случај, детето се обидува да се „одбрани“ со оваа фраза, барајќи изговор во тоа како има различни интереси од неговите родители.
За почеток, многу е важно да му дозволите на детето да биде „свое“, внимавајте да не претерувате со очекувањата и да поставувате високи цели. Кажете му на вашето дете дека не барате да исполни одредени очекувања (како што се тоа добрите оценки) затоа што не сакате тој да биде индивидуа за себе, туку за да има повеќе избори во иднина. Експертите препорачуваат да бидете доста директни со вашите деца во врска со нивната потреба да бидат „личности за себе“, ќе бидете изненадени од нивната реакција.
Фото: Pexels