Експертите објаснуваат како да разговарате со децата за коронавирусот

Не е лесно да им се објасни на децата што се случува во моментот со пандемијата на коронавирус, па еве што советуваат експертите.

0
89

Нема книги за тоа како да разговарате со децата за глобалната пандемија. Ви носиме совети од тројца експерти, кои објаснуваат што да им кажете на децата за коронавирусот, пишува „Гардијан“.

Дали има вистинско време да разговарате со вашите деца за коронавирусот?

Медлин Левин, психолог за деца:  „Штом вашето дете има прашања или забележува дека работите се поинакви, мора да бидете подготвени да разговарате со нив. Прашањето е колку е на кој начин да разговарате со петгодишник и со 15-годишник. Петгодишните деца сè уште живеат во светот на магијата, работите се за нив реални на начин на кој не се за постарите деца, такашто вирусот за нив  е застрашувачка работа и тие не можат да размислуваат логично. Вашите одговори нека бидат кратки … Тие генерално повеќе ќе забележат како се чувствувате отколку што им кажувате.

Може да кажете: ‘Сигурен си забележал дека работите сега се различни, имаш некакви?’ Повремено може да го користите ова едноставно, отворено прашање. На помладите деца не им требаат многу информации, повеќе им требаат одговори на нивните прашања “.

Што да направите кога детето ќе започне да се грижи за сопствената смртност или за здравјето на своите родители, баби и дедовци?

Левин: „Децата имаат извонредна количина на делумни информации. Тие не разликуваат едноставни работи: многу болни луѓе немаат коронавирус; повеќето луѓе кои имаат коронавирус нема да умрат. Ако имате постари деца, ова е одлична можност да работите со нив на тоа како да примаат информации од медиумите, што значат тие и кои се сигурни извори.

Одговорот е: „Не, нема сите да умреме“. Може да кажете: „И порано сме имале вакви проблеми, сите навистина се обидуваат да ги направат работите безбедни за луѓето“.

Децата мислат дека сите болни ќе умрат од коронавирус, но повеќето заболени имаат настинка или грип. Кога децата имаат седум или осум години, можете да започнете да се шегувате за тоа затоа што тие можат да размислуваат логично “.

Ашанти Вудс, педијатар: „Ако детето се плаши од тоа како коронавирусот влијае врз бабите и дедовците, родителите треба да бидат искрени. Може да им кажете: „Знаете, коронавирусот може да ги направи постарите луѓе поболни од помладите луѓе, и затоа … “и тогаш додавате и здравствени совети:  ‘Затоа сакаме да се осигураме дека ги миеме рацете … Затоа, кога киваме, користиме чисто марамче … Затоа се гледаме со бабите и дедовците преку интернет. ”

Како да му објасниме на детето за важноста на физичката дистанца?

Левин: „Мислам дека начинот целосно зависи од возраста на детето. Повеќето деца на возраст меѓу седум и 11 години имаат навистина добра логика. Мислам дека треба да им ги поставите работите такашто тие да знаат дека е тешко засега, но дека засега можат да разговараат со пријателите преку интернет. Таа возрасна група е заинтересирана да биде корисна. Коронавирусот не им значи ништо, затоа кажете им за бактериите. Бидете сигурни дека тие знаат дека ова нема да трае вечно. Ова ќе заврши, секоја пандемија и епидемија имаат крај. Од нас се бара да се грижиме за себе и за нашите соседи. Сите ние се грижиме едни за други “.

Џошуа Клапов, клинички психолог: „Основен концепт е да се избегнат капките од воздухот или од површините. Затоа, објаснете им дека што подалеку сме едни од други, толку е помала веројатноста да се заразиме преку кивање, кашлање, па дури и преку здивот. Тоа е лесен концепт за сите возрасти – колку повеќе луѓе се држат понастрана (и подалеку), толку е помала шансата да се разболат или да пренесат вирус. Покажете им точно колку изнесуваат 2 метри и објаснете им преку слики и видеа како се пренесуваат капките, што ќе биде особено впечатливо за помладите деца, кои преку визуелизација ќе ја разберат смислата на физичката дистанца “.

Како да им се нагласи на малите деца важноста на миењето на рацете без да се создаде вознемиреност?

Клапов: „Научете ги децата, особено оние под 12 години, дека миењето на раце не е нешто што го правиме само за да избегнеме вируси или болести. Тоа е токму она што треба да го правиме секој ден: пред и после јадење, пред и после одење во тоалет. кога контактирате со некого, кога допирате нешто, кога го допирате лицето … Објаснете им дека луѓето треба да го прават тоа секој ден. Откако ќе го разберат ова, потенцирајте им дека сега треба да ги миеме рацете повнимателно, да ги измиеме сите бактерии од рацете. Со претставувањето на ова како нормално хигиенско однесување, ги зајакнувамеа децата затоа што тие генерално знаат како да го прават тоа “.

Вудс: „Можете да започнете со систем на наградување. Направете го тоа забавно. Нека ја пеат песната што ја сакаат додека ги мијат рацете. За оние деца кои се нетрпеливи и хиперактивни, дезинфекцијата на рацете би можела да биде следната најдобра опција”.

Како да ги заштитите вашите деца од примањето погрешни пораки од другите, како кога американскиот претседател Трамп, на пример, вели дека Ковид-19 е „кинески вирус“?

Левин: „Вирусите немаат националност. Може да ги прашате помалите деца:” Каде го слушнавте тоа? ” Тоа е одлична можност да се поправи дезинформацијата “.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]